Таг: фифа светско клупско првенство

Потоп на кралевите, ПСЖ убедливо до финале

Европскиот првак е немилосрден и уште еднаш им покажа на големите екипи дека сезонава е најсилен. Му преостана уште само еден тест. Челси.

Челси е прв финалист на Светското со два убави гола на Жоао Педро

23 годишниот бразилски напаѓач имаше деби од соништата за Челси. Постигна два гола за победа на Челси над Флуминенсе од 2:0 и пласман во финале, каде ќе игра со победникот од дуелот Реал - ПСЖ. Жоао Педро не ги славеше головите, бод респект кон клубот каде се калеше и ја почна кариерата.

Кој против кого во нокаут фаза?

Завршија групите од Светското клупско првенство. Ќорав натпревар не изгледавме. Немаше пренос на Арена, јебига. Ама се изнагледавме хајлајтси. Допрва почнуваат јаките битки.

Де бе другар, 7 метри е голем голот

Коџо Фо-До Лаба од Ал Аин, се прослави на Светското во САД со завршница против Видад, која не смее да си ја дозволи ниту на пријателска. Го имаме ли најголемото промашување на мечевите од групната фаза?

Сити му пукна петарда на Јуве, а Савињо испали проектил

По победите против Видад Казабланка и Ал Аин, Манчестер Сити го реши и Јувентус во 3. коло од Светското и тоа убедливо со 5:2. Стрелаа Доку, Калулу (автогол), Халанд, Фоден и Савињо, а за поразениот тим Копмајнерс и Влаховиќ. Бразилецот Савињо ја распали јако.

Заврши Светското за Атлетико Мадрид

Имаме разврска во две групи на Светското во САД. Палмеирас, Интер Мајами, ПСЖ и Ботафого се првите осминафиналисти. Порто, Ал Ахли, Атлетико Мадрид и Сиетл Саундерс се елиминирани.

Како оди посетеноста на Светското?

Во прво коло варира. Дури 8 меча имале посетеност помала од 50%, а најмногу публика имало на средбите Реал Мадрид - Ал Хилал, Ал Ахли - Интер Мајами и Ал Аин - Јувентус. Најслабо посетен бил мечот  Улсан - Мамелоди Сандаунс. Тоа се прваците na Јужна Кореја и Јужна Африка. Дошле 3.412 гледачи на стадион со капацитет од 25.000 или 13%.

Драма со мачка каква што немало на Светско

Виси како човек, дочекана како човек. Уште ова го немавме видео на стадион, а се случува на Светското клупско првенство во САД.

Навивач на Светското кој и не е баш за фалење

Типов е Јапонец и во моментов се наоѓа во Сиетл, ама не да навива за некој, туку против. Урава Ред Дајмондс е најомразениот негов клуб во Јапонија и од тие причини отишол во САД, облекол дрес на Ривер Плејт и навивал против јапонскиот клуб. Ривер ја совлада Урава 3:1, а будалава за мечот го прелетал Пацификот. Колку му требале? 9 часа или скоро 8.000 км.

Нишанот на Интер тотално изместен против Монтереј

Финалистот од Лига на шампиони одигра само 1:1 против Монтереј од Мексико на првиот меч од Светското клупско првенство. Се изнапромашија фудбалерите на Интер на дебито на Кристијан Киву.

Како тоа меч од Светско со 97 души на стадион?

Сте чуле ли за Улсан и Мамелоди Сандаунс. Првите се од Јужна Кореја, а вторите од Јужна Африка. Тепаа вториве 1:0, а инаку се во група Ф заедно со Борусија Дортмунд и Флуминенсе. Африкански новинар на Твитер објави дека на нивниот меч во Орландо изброил дури 97 навивачи. Ама сепак тоа е пред стартот на мечот. Официјалната бројка стасала до 3.412, на капацитет од 25.000.

Елегантниот протест на Платини кога го направи Јувентус светски шампион

Дуелот во Интерконтиненталниот Куп (денес ФИФА Светско клупско првенство) меѓу Јувентус и Аргентинос Хуниорс во 1985-та е прогласен за најдобар натпревар во историјата на овој турнир. На Платини му поништија еврогол.

Нов хит од Клоп - му се плезеше на тренерот на Монтереј

Полуфиналето на клупско СП не беше баш најлесно по Ливерпул, зошто резултатот до самиот финиш беше 1:1. Алисон одбрани 7 чисти удари и беше прогласен за најдобар играч а во 91’ минута Фирмино го однесе Ливерпул во финале.

Барселона е светски клупски шампион

Меси еден и Суарез два гола, доволно за убедлив триумф на Барселона од 3:0 (1:0) против Ривер Плата на стадионот Јокохама во Токио.