Челси е прв финалист на Светското со два убави гола на Жоао Педро
23 годишниот бразилски напаѓач имаше деби од соништата за Челси. Постигна два гола за победа на Челси над Флуминенсе од 2:0 и пласман во финале, каде ќе игра со победникот од дуелот Реал - ПСЖ. Жоао Педро не ги славеше головите, бод респект кон клубот каде се калеше и ја почна кариерата.