Заврши Светското за Атлетико Мадрид

Имаме разврска во две групи на Светското во САД. Палмеирас, Интер Мајами, ПСЖ и Ботафого се првите осминафиналисти. Порто, Ал Ахли, Атлетико Мадрид и Сиетл Саундерс се елиминирани.

Палмеирас и Интер Мајами ремизираа 2:2 во 3. коло и со по еден триумф одат во осминафиналето на Светското клупско првенство.

Тадео Аленде и Суарез му донесоа двојна предност на Мајами. Паулињо и Мауриcио го поставија конечниот резултат во 80 и 87 минута.

Порто и Ал Ахли понудија спектакл со 8 гола и вкупен резултат 4:4, но се елиминирани. 

Во групата Б, Атлетико Мадрид го доби Ботафого со 1:0 со голот на Гризман во 87 минута, а европскиот првак ПСЖ ја оправда фаворитската улога против Сиетл. Славеше 2:0 со головите на Кварацхелија и Хакими.

Три екипи во оваа група завршија со ист број на бодови, но Атлетико не успеа да оди понатаму поради најслаба гол разлика.

Во осминафиналето, имаме бразилска пресметка меѓу Палмеирас и Ботафого, а Меси со Мајами ќе игра против неговиот довчерашен клуб ПСЖ.

24 јуни 2025 - 08:44