Највеселиот момент од мечот се случи во 76’ минута кога Џо Гомез несреќно прими една топка која му отскокна во рака. Судијата свирна играње со рака, но тренерот на Монтереј Антонио Мохамед бурно реагираше и бараше жолт картон кој ќе беше втор за Џо Гомез и автоматски црвен на 14 минути пред крајот.
Двајцата тргнаа еден кон друг, а судијата ги смири со по жолт картон.
Антонио Мохамед има необично потекло: влече сириски, литвански и хрватски корено. Во Мексико го викаат Ел Турко. Пред натпреварот Мохамед со огромна почит зборуваше за Клоп кого го нарече најдобар тренер на светот, а Ливерпул најдобар клуб.
И после мечот, по не баш убавиот однос на Клоп, не ја свртел плочата:
„Ова беше втор жолт за Гомез. За тоа му кажав на судијата. Но фудбалер на Ливерпул има голема тежина во целиот свет и затоа не го исклучи“, рекол Антонио.
Јирген Клоп не зборувал за инцидентот после мечот, туку предлагал песна од Битлси:
„All you need is Alisson Becker. Во решавачки моменти секогаш е на место“.