Таг: монтереј

Две страшни голчишта на Монтереј, најдобри до сега на Светското

Монтереј и Интер се новите два осминафиналисти од Е групата. Италијанците го елиминираа Ривер Плејт со 2:0, а Мексиканците ја торпедираа Урава Ред Дајмондс со 4:0. Нелсон Деоса и Хезус Мануел Корона се кандидираа за гол на првенството.

Небесен скок на Рамос, шах-мат акција на Интер од слободен удар

Кристијан Киву не успеа да му донесе победа на Интер на првиот меч од Светското клупско првенство против Монтереј од Мексико. Проблемот им се викаше недоиграниот Серхио Рамос кој и на 39 години ја натскока цела одбрана на Интер. Конечните 1:1 ги постави Лаутаро Мартинез, по една одлично смислена комбинација во три потези.

И со лежење ќе те пратам по тутун

Максимилијано Меса од Монтереј ги запали Твитерџиите со мајмунлак од лежечка позиција. Иако ова личеше само на голема пожртвуваност за да спаси аут, потоа му текна и нешто друго.

Го стави син му да дебитира, овој доби црвен за 30 секунди

Тренерот на мексиканскиот Монтереј е многу интересен лик од мешан брак. Се вика Антонио Мохамед Матијевиќ. Во Латинска Америка важи за многу почитуван стратег. Синоќа неговиот Монтереј на гости со 1:3 ја победи Клуб Америка во мексиканската лига, ама син му ја утна работата.

Да ја решиш на гости за 3 бода со страшен волеј во 90-та минута

Водел Куеретаро во мексиканската Лига МХ на гости против Монтереј 0-1 од 13' минута. Домаќинот стигнува до израмнување во 66' минута и доаѓа 90+ судиско продолжение. Таму ѕверот Ариел Науелпан со заштитна маска на лице дава еврогол за 1-2.

Тренерот на Монтереј заплака по титулата во Мексико, му ја ветил на загинатиот син

Ноќта во понеделникот, мексиканскиот клуб Монтереј првпат уште од 2010-та година стана шампион на Мексико. Во финалето на плејофот, Монтереј ја совлада Америка со 4:2 на пенали откако вкупниот исход од двата меча беше 3:3.

Нов хит од Клоп - му се плезеше на тренерот на Монтереј

Полуфиналето на клупско СП не беше баш најлесно по Ливерпул, зошто резултатот до самиот финиш беше 1:1. Алисон одбрани 7 чисти удари и беше прогласен за најдобар играч а во 91’ минута Фирмино го однесе Ливерпул во финале.

Бранови и тренерско славје на денот

Монтереј е новиот шампион во КОНКАКАФ зоната или поедноставно Лига на шампиони во Северна, Централна Америка и Карибите. На првиот дуел славеа 0:1 против Тигрес, а синоќа 1:1. Погледне ја оваа величествена атмосфера која ја приредија домашните навивачи.

Е ова ти се вика атмосфера во финале на ЛШ

Тигрес и Монтереи и двете од Мексико, синоќа се сретнаа во финалето на Лигата на шампиони во КОНКАКАФ каде се натпреваруваат екипи од Средна, Северна Америка и Карибите. Монтереј во првата пресметка славеше 1:0. Но резултатот нас не нè интересира, рокнете звучките да видите што е фудбалски спектакл. Ова го нема во Европа.

Челси против Коринтијанс во финалето на СКП

Актуелниот европски шампион со победата над Монтереј од 3:1 се пласираше во финалето на Светското клупско првенство каде ќе се сретне со Коринтијанс, освојувачот на ова натпреварување од 2000-та година.