Европскиот шампион Челси го победи шампионот на Средна и Северна Америка, екипата на Монтереј од Мексико и во финалето на Светското клупско првенство ќе се сретне со шампинот од Копа Либертадорес, бразилски Коринтијанс.
Челси поведе во 17-та минута кога одлична акција со гол ја круниса Хуан Мата.
Мал куриозитет околку голот на Мата е што тој постигна гол на секој од 4 последни натпревари за Челси (против Вест Хем, Нордсјеланд, Сандерленд и Монтереј), а постигна и гол на неговото деби во Премиер лигата, ФА купот, Лигата на шампиони и Светското клупско првенство.
На самиот старт од второто полувреме Торес го доведе Челси во водство од 2:0. Тоа е веќе 5-ти гола за препородениот Торес на последните 3 натпревари откако пристигна Бенитез.
По само 2 минути по акцијата на Торес и Мата, Чавез си постигна автогол за зголемување на водство на Челси.
До крајот на натпреварот фудбалерите на Челси се опуштија, но Мексиканците само успеаа да го ублажат поразот со голот на Де Нигрис во првата минута од судиското продолжение.
Коринтијанс се пласираше во финалето откако на вчерашното полу-финале славеше со минимални 1:0 над афричкиот шампион Ал Ахли од Египет.
Финалниот натпревар помеѓу Коринтијанс и Челси ќе се одигра во недела со почеток од 11:30 по наше време.