Таг: светско клупско првенство

Пенал на вечерта

Во меч за 3. место на Светското клупско првенство, бразилски Палмеирас изгуби од Ал Ахли на пенали и стана првиот претставник од Јужна Америка кој изгубил 2 меча на овој турнир од 2000-та. Египќаните промашија 2 пенали, а Бразилците 3 од кои оној на шпицот Рони е за заборав.

Баерн и официјално е совршен: 6 трофеи за 7 месеци

Со голот на францускиот репрезентативец Бенжамин Павар во вториот дел од финалето на Светско клупско првенство, Баерн Минхен го совлада мексикански Тигрес и стана светски клупски шампион.

Ливерпул се искачи на светскиот трон

По европската титула освоена против Тотенхем и трофејот во Супер Купот против Челси, Црвените предводени од маестралниот Јирген Клоп остварија хет-трик со меѓународни трофеи во оваа календарска година. 

Татковско изненадување на годината

Одиш на Светско клупско првенство и тоа на финале од Бразил до Катар за да го гледаш твојот Фламенго против Ливерпул. Го носиш и син ти на аеродром и моментот пред да се поздравите го снимаш. Вадиш авионска карта, ама и за двајцата. Малиот уште не конта.

Вардар успешно тргна по светскиот трон во Саудиска Арабија

Европскиот шампион со убедлив триумф 34-27 го совлада домаќинот на Светското клупско натпрварување „Супер глоуб“, Ал Мадхар, и успешно тргна во поход кон вредниот пехар.

Да не ти е Бејл ќе земеше златен медал

Реал Мадрид стана единствениот клуб на светот којшто ја одбранил титулата Светски клупски шампион, откако со 1:0 го совлада бразилскиот Гремио во финалето. Младиот Хесус Валехо беше со екипата, но не бил пријавен во составот за финалето па кога Џани Инфантино им даваше медали, тој му рекол дека не треба да земе. Среќа целиот муабет го слушнал Герет Бејл.

Реал Мадрид ја одбрани титулата светски првак

Втора година по ред, шампионскиот Реал Мадрид го крена пехарот наменет за победниот на Светско првенство.

Се крчка ново Светско клупско првенство со 24 екипи

Светската куќа на фудбалот планира целосно да го менува форматот на мундијалскиот клупски фудбал кој не би се играл секоја година, туку на секои четири. Ако ова се оствари, тоа значи дека ќе имаме уште едно возбудливо фудбалско лето плус.

ФИФА ја промени фудбалската историја и ги направи Панчев и Најдоски светски прваци

Светската куќа на фудбалот донесе историска одлука со која сите освојувачи на Интерконтиненталниот Куп, кој се играше 43 пати ги призна за светски клупски шампиони.

Историски момент во фудбалот, првпат досуден пенал по видео снимка

На Светското клупско првенство кое во моментов се игра во Јапонија, на мечот Атлетико Национал - Кашима, унгарскиот судија Виктор Кашаи реши да прегледа забавена видео снимка од еден дуел и да досуди пенал врз основа на виденото. Ова е историски момент и првпат на официјален меч се користи забавена видео снимка.

18.500 км за да го бодрат Ривер во Јапонија

Аргентинците и генерално Јужно-американците се познати по страста кон фудбалот. Не прашуваат колку чинат патувањата за да го бодрат омилениот клуб. Така околу 10.000 навивачи на Ривер Плата од целиот свет допатуваа во Осака, каде се игра Светското клупско првенство.

Барса ќе крева пехар тежок 5 кила?

Во Јапонија од 10. декември ќе стартува Светското клупско првенство на ФИФА, турнир на кој шест освојувачи на своите Конфедерации плус домаќинот ќе се борат за 5-килограми тешкиот трофеј и 5 милиони долари.

Анчелоти е најдобар тренер во историјата на Реал

Италијанецот годинава го водеше Реал Мадрид до четири титули во сите натпреварувања, што е најдобро остварување на кралевите во 112-годишната историја. На Реал му фалат уште три победи за да го срушат Гинисовиот рекорд на Коритиба од Бразил по бројот на последователни триумфи.

Реал Мадрид се качи на светскиот врв

Серхио Рамос и Герет Бејл му донесоа на Карло Анчелоти нова, втора титула на Светското клупско првенство, откако кралевите во финалето го совладаа Сан Лоренцо со 2:0. 18. меѓународен трофеј за Реал, кој сега се израмни со Милан по бројот на титули освоени надвор од својата земја.

Навивачите на Сан Лоренцо заслужуваат титула

Сан Лоренцо го победи Оукленд Сити во полуфиналето од клупското СП и закажа дуел со Реал Мадрид во финалето во сабота од 20:30. Навивачите на аргентинскиот тим, Ла Глориоза во голем број допатуваа во главниот град на Мароко а песната се ореше уште на аеродромот во Маракеш.

Почнува Светското клупско првенство

Со плејоф натпреварот меѓу Могреб Тетоуан и Оукленд Сити, денеска започнува турнирот на кој во Мароко ќе играат уште и Реал Мадрид и Сан Лоренцо како прваци на своите континенти. 

Баерн Минхен на врвот на светот

Актуелниот европски шампион, екипата на Баерн Минхен го совладаа домаќинот на завршниот турнир во Мароко и ја освоија титулата од Светското клупско првенство.

Европскиот шампион во трка по првата светска титула

Мароко ќе ја има честа да ги нагости најдобрите шест клубови и освојувачи на клупските континентални натпреварувања кои ќе се соочат на 10-то издание на Светското клупско фудбалско првенство. Улогата на фаворит ја имаат фудбалерите на Пеп Гвардиола.

Коринтијанс преку Челси до светскиот трон

Бразилскиот Коринтијанс е новиот светски шампион откако во финалето на Светското клупско фудбалско првенство минимално го совлада актуелниот европски шапион Челси.

Челси против Коринтијанс во финалето на СКП

Актуелниот европски шампион со победата над Монтереј од 3:1 се пласираше во финалето на Светското клупско првенство каде ќе се сретне со Коринтијанс, освојувачот на ова натпреварување од 2000-та година.

Стартува новата ера на модерниот фудбал

Со натпреварот помеѓу јапонскиот Хирошима и Оукленд од Нов Зеланд, денес стартува Светското клупско фудбалско првенство, прво официјално натпреварување на кое ќе се применат новите технологии на гол-линијата.

15.000 навивачи го испратија Коринтијанс

Фудбалските клубови во Македонија не можат да привлечат ни 1.500 гледачи на стадион, а во Бразил одат по 15.000 навивачи да го испратат својот омилен клуб на аеродром.