Турнирот е предвиден да почне во 2021-ва година и би се одржувал со 24 екипи од кои 12 од Европа, 5 од Јужна Америка, 6 од Африка, Азија и Северна Америка и уште еден клуб кој треба дополнително да се одлучи дали ќе биде од Океанија или од некоја друга Конфедерација.
12-те европски екипи би биле: Последните 4 освојувачи на Лига на шампиони, последните 4 финалисти и четирите екипи со најголем коефициент според УЕФА.
Со други зборови, ако Светското клупско првенство би се одржало оваа година, тоа би биле се великани до великани: Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид и Севиља од Шпанија, Манчестер Сити и Арсенал од Англија, Баерн Минхен и Борусија Дортмунд од Германија, Порто и Бенфика од Португалија, ПСЖ од Франција и Јувентус од Италија.
Од Јужна Америка би учествувале последните 4 победници на Копа Либертадорес и тимот кој котира највисоко на Конмебол конфедерацијата. Во овој момент тоа би биле Атлетико Национал, Ривер Плејт, Сан Лоренцо, Атлетико Минеиро и Бока Јуниорс.
Африка, Азија и Северна Америка би имале по два претставника, а за 24-от клуб сè уште се преговара.
Ова Светско клупско првенство би се одржувало во лето секои четири години, што значи дека летото меѓу ЕП 2020 и СП 2022, нема да биде празно без фудбал.
24-те екипи би биле поделени во 8 групи по три, а првопласираните е предвидено да одат директно во четвртфинале. Така на финалистите би им излегло да одиграа по пет натпревари, а првенството би траело околу 20 дена. За прв домаќин ја најавуваат Кина.