18.500 км за да го бодрат Ривер во Јапонија

Аргентинците и генерално Јужно-американците се познати по страста кон фудбалот. Не прашуваат колку чинат патувањата за да го бодрат омилениот клуб. Така околу 10.000 навивачи на Ривер Плата од целиот свет допатуваа во Осака, каде се игра Светското клупско првенство.

Во полуфиналето од Светското клупско првенство во Јапонија, Барселона ќе игра против кинескиот Гвангжу, предводен од Луис Фелипе Сколари.
 
Во евентуалната борба за првото место, во финалето, Барса ја чека Ривер Плата која го совлада кинескиот тим Хироишима со 0-1. Ривер во Јапонија има страшна поддршка од околу 10.000 навивачи кои од целиот свет допатувале да го бодрат тимот на големото натпреварување. Ривер во третото историско финале на Светското клупско натпреварување (едно освоено во 1986-та, едно загубена во 1996-та) ќе се обиде да му го донесе најголемиот трофеј на младиот тренер Марсело Гаљардо.
 
Утрово Ривер со голот на Аларио во 72’ минута по грешка на голманот Хајаши, закажа евентуална средба против Барселона во финалето.

 
 
 
Голот и прославата на пласманот во финале на Ривер: