Австралискиот навивач полетал од Бризбен, Австралија до Брадфорд за конечно да го гледа во живо својот омилен клуб Саутенд Јунајтед кој требало да му гостува на Брадфорд во Лига 1. За патувањето му биле потребни 10.207 милји или 16.426 километри.
Андреј заминал на стадионот, а на 90 минути пред почетокот еден од стјуардите му кажале дека натпреварот е одложен поради потопениот терен. Навивачот твитнал слика и потоа станал хит на островот.
Гардијан, Метро и Фокс Сокер веднаш напишале сторија за него, а од БиБиСи радио му се јавиле за интервју. Сликата ја ретвитнале и на официјалната страна на лигата кои откако разбрале за неговото патешествие му обезбедиле топка од неговиот омилен клуб со автограми од сите играчи.
Инаку Андреј е роден во Саутенд, а пред 8 години се преселил во Австралија од каде го следи Саутенд Јунајтед на интернет. За среќа ќе има уште шанси да оди на стадион, а неговите планови се да оди на следните четири натпревари на четвртолигашот.
„Со жена ми и двете деца имаме многу планови, како што се патувања во Шпанија и во Дизниленд, но натпреварите на Саутенд Јунајтед се мојот приоритет“.
Андреј добил пораки и од навивачи на Ливерпул кои му понудиле пиво и тикет да оди со нив на стадион на Боксинг Деј. Само да не му врне.
Патот на Андреј