Таг: лига 1

Нов прекин во Франција, верувале или не, пак со Марсеј и Паје

По којзнае кој пат сезонава, во француската Лига 1 дојде до нереди и до целосен прекин на меч. Во францускиот фудбал никогаш немало сезона со толку прекини, а уште не се ни до пола со одиграни кола.

Остај ти Роналдо, гледајте што мајсторија изведе детево од Кембриџ Јунајтед

Паралелно со Лига на шампиони, синоќа се играше нисколигашки фудбал во Англија. Кембриџ Јунајтед го совлада Моркамб на гости со 0:2, а внимавајте што успеа да изрежира фудбалерот по име Бен Ворман, роден 2001-ва. Сам свој мајстор и тоа и прием и гол со истата нога. Неверојатен потег.

Падна најдалечен гол каков што не е виден во француска Лига 1

Сент Етјен игра мизерна сезона и нема ни една победа во 12 кола. Најтрофејниот француски клуб заслужено е на последно место. Викендов играа со директниот ривал за опстанок Мец. Примија гол уште во 9' минута, ама во 16-та Вахби Хазри со еден супершут од 68 метри (официјално измерени) го постигна најдалечниот гол во историјата на францускиот фудбал.

Подвиг на Пакета: Летал 8.000 км да игра за Бразил, се вратил за помалку од 48 часа и намести 2 гола за Лион

Одамна немало таков волшебник од Бразил, можеби после Роналдињо. Младиот Лукас Пакета со индивидуални акции, соло продори, дриблинзи и асистенции го прави Лион атрактивен за гледање.

Фудбалер на Лион од женски судија доби жолт картон за дриблинг

Бразилецот Лукас Пакета, кој заедно со Нејмар важат за најдобри дриблери во репрезентацијата, синоќа на мечот Лион - Троја (3:1) тргна да го изведе познатиот „сомбреро“ дриблинг преку глава на противничкиот играч. Не му успеа, а судијката Стефани Фрапар му покажа жолт картон.

Што тоа се случува по француските стадиони?

Навивачите на Ница на почеток на сезоната на 22 август скокнаа на терен и се пресметуваа со играчите и стручниот штаб на Марсеј, а тој упад како да покрена лавина слични епизоди на неколку стадиони. Синоќа хулиганите на Марсеј влегоа на терен и тргнаа кон навивачите на Анже.

Камерата која го следеше само Меси

Бидна и тоа. Најголемиот на сите времиња според многумина, дебитираше во новиот дрес. На мечот Рем - ПСЖ во 60-та минута отиде на загревање, а во 65’ минута влезе место другар му Нејмар. Одигра пристојно и доби аплаузи и овации од цел стадион. Една камера била задолжена само за него.

Физиотерапевтот на Марсеј што нокаутираше навивач на Ница, може да се прости со фудбал

Ница и Марсеј се соочуваат со големи казни по хаосот кој го направија во Лига 1. Еден учесник во тепачката со навивачите на домаќинот сега го чека долгогодишна суспензија.

Марамчето со кое се бришеше Меси ставено на аукција

Лионел Меси веќе неколку дена тренира со новите соиграчи во ПСЖ и се спрема за дебито во дресот на Парижаните. А во Каталонија изненадно на аукција се појавило марамчето со кое Аргентинецот ги бришеше солзите на заминувањето од Барселона.

Како изгледаше првиот тренинг на Меси и дружбата со Серхио Рамос

Аргентинскиот великан веќе се запозна со клубот, со луѓето од управата, со навивачите, а конечно излезе и таму каде што најмногу сакаше, на терен меѓу соиграчите.

Бројот 30 го носат само голмани, ама ќе направиме исклучок за Лионел

На почетокот на својата кариера во Барселона, уште таму во 2003-та кога дебитираше за прв тим, Меси го носеше бројот 30. Сега и во Париз го почнува патешествието со истиот број на грбот иако во Франција е стриктно дозволен само за голмани.

ПСЖ преку ноќ стигна до 42 милиони следбеници, дресовите на Меси одат како алва во Париз

Во вторникот на 10-ти август целиот свет на спортот го следеше преминот на Лео Меси во ПСЖ. Идеална илустрација за тоа колку гореше Интернетот се бројките.

Жиру, овој брат по евроголови да не ти е?

Стразбур и Монпеље дадоа вкупно 5 гола и на крај победија гостите со 2:3. Во 49' минута Монпеље водеше 0:3 по чудесните ножички на Гаетан Лаборд.

Мртва трка во Шпанија и Франција, вкупно 7 екипи за две титули

Што е, насловот да не ве збуни? Кога ќе ја погледнете табелата во двете првенства кои ви ги посочуваме, ќе ви стане јасно каква брканица е. Плус има и други занимливи ситуации, како на пример Ливерпул може многу лесно да извиси од ЛШ, исто и Борусија Дортмунд, а и Јуве не се сигурен.

Добар голман е пола екипа

Под водство на новиот тренер Маурисио Почетино ПСЖ продолжува борба за трофеј на сите фронтови. Ја елиминираа Барселона од Лига на шампиони, а го исфрлија и лидерот во Лига 1, Лил од Купот на Франција. Најзаслужни за тоа се Мбапе и голманот Навас. Костариканецот брани како во втора младост.

Класна прослава на гол во Франција со гумена бомбона

Дербито на Лангедок (историски регион на јужниот брег од Франција) меѓу Ним и Монпеље е голем настан за жителите на овие два града кои имаат децениски ривалитет.

Судијата кој заборави дека е судија, се внесе со глава, па го чека казна

Арибтарот Дарен Дриздејл се најде пред дисциплинскиот комитет на Фудбалската асоцијација на Англија за непримерно однесување со еден фудбалер.

Луис Кампос - Најпознатиот ловец на таленти кој е повеќе во авион отколку на земја

Човекот кој може да работи буквално сè во еден клуб: од тренер до фитнес-инструктор и скаут, направи првокласни чуда. Од непознати играчи створи ѕвезди кои подоцна им донесоа стотици милиони на клубовите.

Играте како кловнови, епа ќе ви правиме циркус

Во француската Лига 1 има 20 клуба. Нант после 17 кола е 16-ти со учинок 3-6-8 и ако остане вака ќе се борат за опстанок. Навивачите протестираат и бараат оставка од управата која пред недела дена го назначи за тренер, замислете, астрологот Рајмон Доменек кој се враќа во француски клупски фудбал после 27 години.

Страшни „макази“ во Монпеље

Монпеље и Лил одиграа фантастичен меч со 5 гола. Гостите славеа 2-3 во 86' минута по голот на Бурак Јилмаз, ама она што претходно го направи Енди Делор во 70-та минута за 2-2 беше спектакл.

Рекордно најбрзи голови во топ европските лиги

Во неделата паднаа неколку експресно брзи погодоци. Леао од Милан постигна гол после само 6,76 секунди игра, а Мектоминеј за 3 минути даде 2 за Јунајтед. Кои се рекордите?

Првпат во историја жена ќе суди во Лига на шампиони, тренира строгост пред огледало

Французинката Стефани Фрапар (36) продолжува да импресионира. Таа вечерва на 2 декември ќе стане првата жена која што ќе суди меч во Лига на шампиони: Јувентус - Динамо Киев.

Бегалецот на кого му изгорел домот, немал документи, а сега е главна ѕвезда во Франција

17-годишниот Едуардо Камавинга до пред само неколку месеци бил одбиен за документи од Ангола и од Франција. Во голем пожар куќата на неговото семејство изгорела до темел. Живееле во тешки услови и сиромашно. Реал спрема за него повеќе од 100 милиони евра.

12 жолти, 5 црвени картони и тепачки - дербито на Франција што ќе влезе во книгата

Со два порази по ред на отворањето на француската Лига 1, ПСЖ го има најслабиот старт во последните 40 години. Синоќа изгубија од најомразениот ривал во лигата, Марсеј кој славеше со 0-1. Но дербито остана во сенка на многу тепачки и прекини на теренот.