Во неделата вечер некаде околу 70-та минута навивачи на Ница со разни предмети го гаѓаа ексцентричниот Дмитри Паје. А тој не им остана должен и како што поседува пакосен темперамент, почна бесно да им ги враќа предметите назад. Тоа беше причина навивачите на Ница да улетаат на терен при резултат 1:0 и да направат хаос.
Фудбалерите на Олимпик Марсеј не им останаа должна и изби голема тепачка.
Во еден момент, физиотерапевтот на Марсеј и голем пријател на тренерот Хорхе Сампаоли, Пабло Ернандез се залета од клупата за резерви и силно со тупаница нокаутираше еден навивач на Ница. Вториов падна како покосен а стоперот на Ница Мелвин Бард се обиде да му помогне.
One of the Marseille staff ran on and lumped a Nice fan ffs 🤣 pic.twitter.com/Vq0aq1rN1u
— Pato (@jpaterson97) August 22, 2021
Физиотерапевтот на Олимпик Марсеј веднаш се повлече назад зошто го навлече гневот на сите навивачи симнати на теренот. Шпанска Marca пишува дека човекот во понеделникот бил во болница поради претрпена повреда, а физиотерапевтот го чека долга суспензија.
По немилите сцени мечот се прекина на 20-ина минути, па фудбалерите на Ница се вратија на теренот да продолжат, но гостите од Марсеј решија да не се враќаат и натпреварот беше прекинат. Ница службено го добива дуелот со резултат 3:0.
Во меѓувреме француската Лига 1 ја казни Ница со затворање на јужната навивачка трибина на следните четири домашни натпревари. И на двата тима најверојатно ќе им се одземат бодови.