Најжестокото дерби во Франција, после она ПСЖ - Марсеј, е Сент Етјен - Лион, едни од најтрофејните клубови во Франција. Во минатото коло се сретнаа меѓу себе, а славеше Сент Етјен со гол во последната минута. Пред мечот, домашниот голман Жеси Мулин го тешел син му дека само кратко ќе го носи дресот на Лион додека излегува на терен со другите дечиња.