Играте како кловнови, епа ќе ви правиме циркус

Во француската Лига 1 има 20 клуба. Нант после 17 кола е 16-ти со учинок 3-6-8 и ако остане вака ќе се борат за опстанок. Навивачите протестираат и бараат оставка од управата која пред недела дена го назначи за тренер, замислете, астрологот Рајмон Доменек кој се враќа во француски клупски фудбал после 27 години.

Претседател на Нант уште од 2007-ма е Полјакот Валдемар Кита, милионер, кој сега го назначи 17-от тренер во неговата ера. А за Доменек (екс-селектор на Франција и скандалот со Анелка) знаете сè. 

31 декември 2020 - 10:03