Таг: нант

Прво имаше фаул за Нант или пенал за Јуве?

Мечот меѓу Јувентус и Нант од ЛЕ кој заврши 1:1, донесе многу специфична цитуација во 95-та минута која на главниот судијата му требаше многу време да ја реши со помош на ВАР. Дали да се досуди пенал за Јуве поради играњето со рака или па фаул во напад?

Кралски третман на Нант за Лазаров

Французите му се поклонија на Кире Лазаров и тоа буквално на кралски начин. Каква незаборавна ноќ за македонската ракометна легенда. Вакво нешто нема привилегија да доживее секој спортист.

Не му ги броите годините на Кире, дај му ја и имаш атракција

Ракометарите на Нант загубија на гостувањето против Бенфика со 31:30 во меч од Лига Европа, а најубавиот гол на колото е дело на македонскиот феномен кој скока и реализира цепелини, без разлика што за два месеци полни 42.

Кире во свој стил, во последен напад го спаси Нант од пораз

Му го дадоа само второто полувреме, а тој возврати со 5 гола, 3 асистенции и клучен проектил во финишот од 9 метри, за бод на гостувањето кај екипата на Гог во Европската лига, 29:29. Ете тоа е Кире Лазаров, човекот кој е навлезен во 42-рата година од животот.

Голот на Кире Лазаров на листата најубави во Европска лига

Селекторот на македонската репрезентација и натаму растура по европските ракометни паркети. Кире Лазаров во триумфот на неговиот Нант против данскиот ГОГ постигна 4 гола од кои еден е избран на листата најдобри погодоци на колото во цела европска лига.

Слободен удар после кој се запали Твитер

На дуелот меѓу Нант и Лориен, домаќините поведоа буквално после минута ипол и водеа сè до 87' минута кога топката за слободен удар од 40 метри не ја намести Арман Лориенте. На ова може капа да му симне и легендарниот Бразилец Жунињо.

Играте како кловнови, епа ќе ви правиме циркус

Во француската Лига 1 има 20 клуба. Нант после 17 кола е 16-ти со учинок 3-6-8 и ако остане вака ќе се борат за опстанок. Навивачите протестираат и бараат оставка од управата која пред недела дена го назначи за тренер, замислете, астрологот Рајмон Доменек кој се враќа во француски клупски фудбал после 27 години.

Кире Лазаров со нов виц за голманите

Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, на 40 години и натаму е еден од подобрите стрелци во европската елита. Кире постигна 2 гола во поразот на Нант од Мотор Запорожје (31-32), и двата во само неколку секунди од контри и двата му беа магични.

Маестро Кире Лазаров има да ви покаже нешто

Како беше она: Годините се пролазни, класата е вечна. Тоа е Кире Лазаров за коj оние 39 кои ги има се само бројка и ништо повеќе.

Метал фестивал стана спонзор на Нант, па сега сакале нејќеле ќе слушаат хеви метал

Еден од најдобрите француски клубови се решил за несекојдневен потег и потпишал договор за партнерство со најголемиот метал фестивал во Франција.

Нант победи па играчите и навивачите згрмеа во чест на Сала

Во францускиот Куп, Нант со 2-0 го победи Тулуз, се пласираше во четвртфиналето, а после мечот победата му ја посветија на Емилијано Сала.

Пронајден авионот во кој исчезна Емилијано Сала

Шефот на истражувачкиот тим кој работи на претрага на потонати бродови, Дејвид Мрнс, соопшти дека на дното од каналот Ла Манш бил пронајден авионот во кој на 21 јануари се изгуби фудбалерот на Кардиф Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон.

Нант во солзи го одигра првиот натпревар по несреќата на Сала

Сè на стадионот „Стад де Божуар“ синоќа беше во чест и спомен на исчезнатиот аргентински фудбалер за кого плачеа сите на стадионот - играчи, тренери, управа, навивачи, редари.

Кардиф (не) сака да плати за трансферот на Сала, правник објаснува зошто

Мошне непријатно и помалку бизарно е да се потегне темата за трансферот на младиот фудбалер чиј авион исчезна кај каналот Ла Манш, но од правна гледна точка е важно прашање и сега клубовите треба да дадат одговори.

Сторија за фудбалерот кој исчезна во авионска несреќа кај Ла Манш

Во слободно време сакал да гледа филмови со Че Гевара, да го чита Коељо, да учи за фенг-шуи и да ја осознава африканската култура од која потекнувал голем дел од неговите соиграчи.

Очајните навивачи на Нант грмат во чест на Сала

Авионот со најскапото засилување на Кардиф кој полета од Нант за Англија, сè уште не е пронајден. Француските навивачи се собраа и разочарани го скандираа името на 28 годишниот аргентинскиот навивач.

Го нема авионот со најновото засилување на Кардиф, се очекуваат најлошите вести

Втора несреќа за само три месеци во Премиер лигата. Прво загина газдата на Лестер, а сега се чека потврда и за новиот член на Кардиф чиј авион исчезна вчера од радар.

Кире не ги ферма годините и игра во топ форма

Некој знаеше да каже: Што па од Барселона замина во Нант? Одговорот е прост: За да гази и таму и да и покаже на француската публика што знае старата незаменлива искусна македонска коска. Без него топки што ќе беа први.

Монпеље е нов европски првак

Со неверојатна игра во финалето против Нант на нашиот Лазаров, ракометарите на Монпеље славеа 32-27 и заслужено стигнаа до својот втор европски пехар. ПСЖ третопласиран откако минимално го совлада Вардар.

Лазаров го потопи ПСЖ и го однесе Нант во финале

Ракометарите на Нант направија сензација на првиот полуфинален дуел на фајнлфорот во Келн. ПСЖ е на колена, а еден од најзаслужните за ова големо изненадување е капитенот на Македонија кој го исфрустрира светскиот голман Омејер и испиша нова историја во ЛШ.

Кире Лазаров влезе во историјата како најдобар стрелец на Фајнал Фор

Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кирил Лазаров попладнево стана најдобриот голгетер на Ф4 турнирите во ЛШ кои се играат од 2010-та во ваков систем на четири најдобри.

Кога Вуко Борозан шутира, ни повторена снимка не ја фаќа топката

Десницата на Црногорецот е како топ, па кога ќе испали како вчера против Висла, ни голмани од калибарот на Борбели не може да ја видат.

Пораз на Вардар во Нант, меч топката за четвртфинале во Скопје

Актуелниот европски шампион не ја искористи првата можност да удри печат на првото место во групата и да осигура директен пласман во четвртфиналето. Вардар поразен од Нант 27-26 (18-12).

Еден од најчудните црвени картони во фудбалот

Фудбалерите на ПСЖ го совладаа Нант на гости со 0:1, но никој не зборува за резултатот на овој дуел, туку за судијата Тони Чапрон. Играч на домашниот тим случајно го сопна арбитарот, а овој со сиот памет му врати, па уште и му даде црвен. Невидена будалаштина на судијата за кој се најавува дека ќе биде казнет.