Капитенот на нашата репрезентација, по првиот дел од првото полуфинале меѓу Нант и ПСЖ постигна четири гола со кои ја заокружи бројката од дури 55 гола на сите негови настапи на Фајнал Фор, и на паузата замина со гол помалку од рекордните 56 гола колку што постигнале Србинот Момир Илиќ (Веспрем) и Чехот Филип Јиха (Кил и Барселона).
Кире во првиот дел три пати стрелаше прецизно од пенал, промаши еден седмерец а од игра распали за вкупно четири „комада“ во првите 30 минути. На полувремето Нант неочекувано водеше 17-14 против реномираниот ПСЖ.
По голема борба, во вториот дел Кире даде уште три гола, стана лидер на вечната листа најдобри стрелци на Фајнал Фор со 56 гола и го однесе својот Нант во големото финале (32-28).
38-годишната легенда од Свети Николе веќе е лидер на вечната листа во историјата на Лига на шампиони со неверојатни 1.217 гола а важи и за најдобар стрелец на европските и мундијалски првенства. Во својата фантастично богата кариера, Лазаров одиграл дури 17 сезони во Купот/Лига на шампиони а во борба за медал беше со четири тима: Сиудад Реал (2010/2011), Атлетико Мадрид (2011/2012), Барселона (2014/2015) и сега со француски Нант.