Таг: македонска ракометна репрезентација

Докторскиот тајмаут на Лино, тактиката на Шундо и лажниот цепелин на Столе

Покрај незаборавните голови и победи, посебно место во колективната меморија на ракометната јавност имаат и легендарните тајмаути. Моменти кои остануваат врежани како симбол на карактерот, духот и харизмата на македонската ракометна репрезентација.

Нов Хичкок финиш во Хернинг, Македонија овој пат слави победа

Македонската ракометна репрезентација ни пререди нова драма во 3. коло на Европското ракометно првенство. Совладата е Романија со голот на Ненад Костески со звукот на сирената.

Драмолетката меѓу Македонија и Португалија спакувана во 3 минути

Уште не држи еуфоријата од вчера. Адреналинот пукаше до полноќ. Да потсетиме, 60 минути им одигравме машки на селекција која на прошлото Светско стигна до полуфинале, а на ова цели на медал. Па уште им се вративме од -5 и испуштивме топка од раце за напад за победа. Многу храбар настап на момците на Кире Лазаров кои извадија јуначко реми. Уживајте во пресекот од возбудливата битка.

Ракометарите со партија фудбал се релаксираа во Хернинг

Бандата на Кире Лазаров ги врши последните подготовки пред настапот на деветтото Европско првенство. Стартуваме со мега противникот Данска во петок од 20:30 часот, а потоа следуваат Португалија (недела 18:00) и Романија (вторник 18:00). Пренос од средбите ќе има на МТВ. Срце на терен момци.

За ракометарите нема руска и прасе, ви честитаат од сала

Момците на Кире Лазаров се спремаат за предизвикот кој се вика Европско првенство. Битките од групната фаза се закажани за 16 јануари (Данска), 18-ти (Португалија) и 20-ти (Романија). За Нова година работат во Скопје, а од 8 до 10 јануари ќе бидат во Винтертур, каде ќе одиграат три натпревари против домашната селекција на Швајцарија, Бахреин и Украина. Среќна и на вас момци и срце на терен.

Тежок залак за Македонија на Европско, меѓу противниците ја има Данска

Македонската ракометна репрезентација на денешната ждрепка во Хернинг, Данска ги дозна противниците на ЕП, кое ќе се одржи во јануари 2026 година во Шведска, Данска и Норвешка.

Националната спортска гордост како локомотива на државата

Сè е добро кога добро ќе заврши, ќе кажеше супер популарниот Бата во култната „Викенд на мртовци“. Земјата на ракометот, по 15-ти пат во низа е на големите собири, од континентален и глобален карактер. Таличен е месец мај за нашиот, македонски, ракомет.

Шеширите се спремни за ЕП, Македонија ќе се соочи со силни противници

Познати се сите учесници на ЕП 2026. Европско е потешко од Светско. Групата во сите комбинаторини ќе ни биде тешка.

Го прати голманот по бурек и јогурт, ама на македонски ракометен начин

Се сменија многу играчи, се смени речиси една цела генерација, се смени управата, но македонскиот репрезентативен ракометот и натаму е на вистинскиот пат. Бележиме вкупно 18 учества на големите натпреварувања или 9 Европски и 9 Светски првенска. Следното јануарско дружење е на ЕП 2026 во Данска, Норвешка и Шведска. Уживајте во најубавите потези од убедливиот триумф над Литванија.

Ракометната мисија продолжува, Македонија оди на Европско

Македонската ракометна репрезентација ја декласираше Литванија и се пласираше на Европското првенство 2026. Новиот јануарски ракометен празник е закажан во Данска, Норвешка и Шведска.

Цепелините како заштитен знак на Македонија и на ова СП

Македонија освен што беше на ниво на сите шест мундијалски натпревари, знаеше и да се забавува на паркетот во Вараждин во својот препознатлив стил, а тоа се цепелините кои ни станаа традиција. Издвојуваме две атракции.

ИХФ го смести Галевски во топ 10 одбранети пенали

Младата ракометна надеж од Алкалоид, кој беше повикан на Мундијалот како трет голман, доби минутажа против Франција и си го направи ќеифот. Му фати пенал на Ричардсон и влезе во топ 10 листа. Инаку Иван Галевски има 20 години.

Убави кадри и добар гест на Мечка

И покрај непријатните мигови на трибините со обезбедувањето, престрогиот третман на влезовите и скапите карти, македонските лица во Вараждин беа задоволни на крај. Со насмевки ги испратија момците на Кире Лазаров и ги бодреа од првиот до шестиот натпревар. Милан Лазаревски израдува две деца.

Македонија го заврши Мундијалот со нов храбар настап и достоен пораз од Франција

Македонската ракометна репрезентација загуби, но не разочара на последниот меч од Светското првенство. Главата горе момци. Оценката е повеќе од преодна за севкупниот настап на цел турнир.

Наумче Мојсоски и Наум Петрески ја пејат Лихнида кајче веслаше во Вараждин

Никој не прави атмосфера како нас кога Македонија игра ракомет, ај ти. Македонските навивачи имаат сериозна километража на вакви првенства, педигре и организација. Рокај звучките да се потсетите што сè се случувале на Светското 2009 во Хрватска.

Кои се математиките на Македонија за сензационално четвртфинале?

Македонската ракометна репрезентација игра одличен Мундијал, најдобар на оваа генерација која покажа квалитет, храброст, единство и што е најважно голема желба за надигрување. И до тука е супер, за повеќе би било чуда над чудата.

Цепелинот на Велковски и Костески, празник за очи

Освен што играат храбро и позрело на ова Светско првенство, македонските ракометари умеат да направат и атракција за публиката. Една таква режираа Мартин Велковски и Ненад Костески. Убавецот на македонската репрезентација, што би рекол Тони.

Луда реми завршница со снајперски гол на Кузмановски со звукот на сирената

Нов настап на нашите ракометари, нов мега драматичен натпревар со пеколно неизвесна завршница. Македонија - Австрија 29:29. Битка на нерви.

Еуфоријата во Вараждин во 2009-та и пласманот на Македонија во втора фаза

Ист месец, исто место, само други ликови и во други околности, после пауза од 10 години. Само Кире Лазаров го има од тој состав. Тогаш капитен, сега селектор. Да се потсетиме. Преубави моменти.

Милошевски: Аман дојдовме во мир, најпријателски и најспортски

Генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски во втор пат реагира на Фејсбук, незадоволен од организацијата на Светското ракометно првенство.

ИХФ ги промени термините, Македонија ќе игра во бош време

Светската куќа на ракометот ги смести во прајм-тајм посилните селекции и нас ни го даде терминот за ручек, додека луѓето сè уште се на работа.

Тензични сцени на крајот и скандирање „ИХФ мафија“

Македонските навивачи бесот од контроверзното судење го изразија со фрлање предмети, а Холанѓаните веднаш избегаа во соблекувалната и не го дочекаа вообичаеното прогласување на најдобриот играч на натпреварот. Извиците кои можеа да се слушнат беа на сметка на ИХФ.

РФМ најави жалба за судењето

Генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски реагираше на социјалните мрежи после мечот на Македонија, која освен со брзите Холанѓани, се бореа и против чудните судиски критериуми на данското дуо Мадс Хансен и Јеспер Мадсен. Ова беше под секое достоинство, РФМ ќе поднесе жалба, вели Милошевски.