Ракометната треска во Македонија во таа незаборавна 2009-та почна, односно продолжи со машкиот репрезентативен ракомет, откако претходно нè радуваа жените.
Имаа фантастични и незаборавни настапи на Мундијалите 1997 и 1999 кога на два пати стигнаа до четвртфинале и завршија седми, па осми во свет. Потоа следуваше неповторливата приказна со европскиот првак Кометал 2002.
Мажите паузираа 10 години и се вратија на големите натпреварувања после она Светско во Египет 1999. Кам бек во голем стил. Се појави една нова, перспективна, компактна и многу квалитетна селекција која се прослави до небо.
Ја сочинуваа Митко Стоилов, Стевче Алушовски, Кире Лазаров, Влатко Митков, Владимир Темелков, Филип Муркуловски, Велко Марковски, Наумче Мојсовски, Ванчо Димовски, Филип Лазаров, Гоце Макаловски, Горан Ѓоргоновски, Борко Ристовски и Петар Ангелов. Селектор Илија Темелковски.
Тоа беше првиот блесок на оваа генерација која доби огромна навивачка поддршка во Хрватска, а потоа беше пречекана уште на скопскиот аеродром.
Развојот во првата групна фаза одеше вака: Пораз од Тунис 24:25, победа против Алжир 32:19, сензација против Полска 30:29, пораз од Германија 23:33, сензација против Русија 30:26 и со скор од 3 победи и 2 порази пласман во втора фаза.
Полска во Хрватска отпатува како финалист од Мундијалот 2007, но не знаеше со кого си има работа во третото коло. Капитенот Лазаров блесна до 13 голови, а Диви фати 11 топки.
Во најважниот последен меч од групната фаза Македонија ја прегази Русија со што за прв пат во историјата обезбеди пласман меѓу најдобрите 12 селекции во светот.
Во 51 минута Борко му фати чиста топка на Дибиров, а Стефче Алушевски погоди со лоб за +7 и делириум во салата Вараждин преполна со македонски навивачи. 9 гола за Кире Лазаров.
Македонија беше во транс и таму во салите, кафаните и кафулињата и дома на тв екраните. Бевме хит и за хрватските медиуми кои камерите ги праќаа онаму каде што е македонската еуфорија.
Репортажа на А1 после победата над Полска.
Репортажа на хрватски РТЛ од базата на навивачите каде ги има и Циле, Живко Мукаетов и Наум Петрески. Капитенот пее. Лудница.
РТЛ: Титулата најголеми ѕвезди меѓу навивачите им припадна на Македонците.
Македонското знаме на цела трибина на мечот против Германија.
Славјето после триумфот над Русија
Репортажа на Дневник.хр после пласманот во втора фаза.
Во втората групна фаза ги загубивме сите три натпревари од Норвешка, Данска и Србија и завршивме 11-ти во свет, а Кире Лазаров стана рекордер на едно СП со 92 гола.