Ракометарите со партија фудбал се релаксираа во Хернинг
Бандата на Кире Лазаров ги врши последните подготовки пред настапот на деветтото Европско првенство. Стартуваме со мега противникот Данска во петок од 20:30 часот, а потоа следуваат Португалија (недела 18:00) и Романија (вторник 18:00). Пренос од средбите ќе има на МТВ. Срце на терен момци.