НОВОГОДИШНА ЧЕСТИТКА
Денес е прв ден, почеток.
Сакам да не ве боли она што ве болело,
а да ве сака она што не ве сакало.
Сакам децата да бидат подобри од вас,
повеќе вие да им се фалите
отколку тие вам.
Сакам добро да ве служат нозете,
на нив да го минете поголемиот дел од новата година,
да имaте повеќе работа отколку време за неа.
Сакам да им бидете попотребни на другите
отколку тие вам.
Да сакате и можете повеќе отколку што ви треба,
а сè што ќе ви биде вишок
да го поделите со оние кои не можат како вас.
Немојте да земате многу повеќе отколку што давате.
Мислeте малку на оние на кои ќе треба да им го земат
она што вам ќе ви го дадат.
Сакам да добиете стан ако го немате
или да умеете да се радувате ако веќе го имате.
Она што го имате да не ви биде помалку од она што го немате.
Ви посакувам, на крајот,
оваа година да има повеќе среќа со вас
отколку претходната!
Душко Радовиќ