Шеширите се спремни за ЕП, Македонија ќе се соочи со силни противници

Познати се сите учесници на ЕП 2026. Европско е потешко од Светско. Групата во сите комбинаторини ќе ни биде тешка.

Вкупно 24 селекции ќе бидат дел од следниот европски ракометен собир. Од нив пет се екс ју селекции и пет скандинавски. 

Домаќините Шведска, Данска и Норвешка плус Исланд и Фарски Острови. Последниве се сметаат за дел од Скандинавија поради историската културна и јазична близина.

Од нашиот регион, покрај Македонија се пласираа уште и Хрватска, Словенија, Црна Гора и Србија.

Нашите ракометари се наоѓаат до третиот шешир, што значи од таму не можат да добија противник. Но, обрнете внимание на првиот и вториот шешир.

Фаворити до фаворити, како и селекции кои секогаш целат на медал. Скоро сите од нив. 

Најнезвучни имиња во оваа конкуренција се Словенија од прв и Фарски Острови од втор шешир, а најслабо рангирана селекција која што ќе настапи на овој шампионат е Украина.

Но и во евентуална таква група, за Македонија нема воопшто да биде лесна битката за првите две места кои водат во следната фаза.

Зошто се Европските првенства потешки од Светските? Поради системот на ЕХФ. Од 24 селекции, пола си одат дома уште по завршувањето на првата групна фаза, што значи имаат загарантирано само три натпревари.

Првопласираните две од сите шест групи одат во втор фаза која се дели на две групи по шест селекции. И таму се разбира е тешко да се влезе.

Но како и да е, ова е спорт и Македонија нема да се предаде, без разлика што ќе ни донесе ждрепката закажана за в четврток во данскиот град Хернинг.

Македонија стигна до континуитет од осум Европски првенства во низа или 15 учества на ЕП и СП по ред, а серијата трае од она славно ЕП 2012 во Србија. Вкупно имаме по 9 учества на СП и ЕП.

1 Шешир: Франција, Данска, Шведска, Германија, Унгарија, Словенија

2 Шешир: Норвешка, Португалија, Исланд, Хрватска, Шпанија, Ф. Острови

3 Шешир: Австрија, Холандија, Ц. Гора, Чешка, Полска, Македонија

4 Шешир: Грузија, Србија, Швајцарија, Италија, Романија, Украина