Македонија е блиску до нов Мундијал, совладана е Словачка на гости

Македонската ракометна репрезентација славеше во Прешов со 31-24 и се наоѓа на чекор до пласман број 10 на Светските првенства.

Македонија одработи рутински на овој натпревар, ја оправда фаворитската улога и покажа дека е поквалитетна селекција од Словачка. Предноста од +7 е одлична пред реваншот.

Првото полувреме заврши +5 (18:13) за нашите ракометари, а доминацијата продолжи и во вториот дел.

Селекторот Кире Лазаров ги ротираше сите ракометари. Бековската линија на стартот ја сочинуваа Кузмановски, Митев и Велковски, а потоа во игра влегоа со Ѓорѓиев, Атанасијевиќ и Јагуриновски.

Капитенот Филип Кузмановски беше прв стрелец на мечот со 10 гола, а Милан Лазаревски постигна 7. Мартин Томовски одигра одлична партија со 13 интервенции.

Реваншот меѓу Македонија и Словачка се игра на 17 мај од 19:00 часот во Борис Трајковски.

14 мај 2026 - 21:57