Кои се математиките на Македонија за сензационално четвртфинале?

Македонската ракометна репрезентација игра одличен Мундијал, најдобар на оваа генерација која покажа квалитет, храброст, единство и што е најважно голема желба за надигрување. И до тука е супер, за повеќе би било чуда над чудата.

Освен играчки, момците на Кире Лазаров и резултатски се за голема пофалба на ова Светско првенство.

Имаат само еден пораз на пет меча. Ги совладаа Гвинеја и Катар, одиграа нерешено против фаворитите Унгарија и Австрија, а загубија само од Холандија, меч со судиска лакрдија.

По комплетирањето на првите две кола од втората групна фаза, Македонија е трета на табела, а во четвртфинале одат првите две.

Шансите за таму се мега тешки, но сепак теоретски постојат. Да не заборавиме, си имаме работа со шесткратен светски, трикратен олимписки, како и актуелен европски првак.

Четврфиналето е можно ако:

- Македонија ја победи Франција, Холандија одигра нерешено или загуби од Австрија и Унгарија одигра нерешено или загуби од Катар.

- Македонија ремизира со Франција, а Холандија и Унгарија загубат од Австрија и Катар (во тој случај би решавала гол-разликата на Македонија и Унгарија и би биле подобри)

Сјајната комбинација Митев - Пешевски во фокусот на ИХФ

Атрактивниот гол на Марко Митев, еден од најубавите на Светското

24 јануари 2025 - 08:49