4 часа, 47 минути

Рускиот претседател за 15 минути го сруши претходниот рекорд за тв маратон во кој зборуваше за проблеми со извозот на свињи, ветуваше игралишта а за прашањето кога ќе биде се во ред искористи една руска алкохоличарска изрека. Да, претходниот рекорд го држеше исто тој.

Во студио исполнето со доктори, спортисти, униформирани лица и други згодно одбрани претставници на народот, Владимир Путин цели 4 часа и 47 минути одговарал на прашања на ТВ гледачи, велејќи дека овој формат ѝ недостасува и на Русија и нему.

За време на ова граѓанско интервју, доспеале фрпанатни три милиони прашања.

Единственото од поставените на кое не одговорил било за тоа кој му е омилен пеач бидејќи Путин смета дека на тој начин би бил некоректен кон останатите.

Атмосферата била отприлика ваква:

Се јавува некој од 12-члено семејство од селото Новошактињск и му кажува на Путин какви сè проблеми имаат а потоа една од ќерките му вели: "Во името на сите мои братчиња и сестрички, ве молам да имаме игралиште".

"Ти ветувам игралиште, драга моја," одговара Путин за после само еден час, модераторот на интервјуто да добие и соопшти ведра вест дека локалните власти во селото ветиле дека ќе изградат игралиште во најјкус можен рок.

Путин бил ведро расположен во текот на целиот маратон иако тонусот му паднал кога бил прашан за смртта на Березовски, олигархот со чија помош дојде на власт а кој потоа живееше во егзил се додека не беше најдов мртво во својот дом. Путин рекол дека Березовски двапати му праќал писма барајќи да му ги прости грешките што ги направил кон него и кон земјата.

Зборувал и за возење во алкохолизирана состојба ("Мора да се потрудиме никој пијан да не седне за волан), цената на организирање на Зимските олимписки игри во Сочи ("Нема да биде ефтино")" и за фаранцускиот глумеc Жерар Депардје кој неoдамна доби руско државјанство ("Жерар ви е една импулсивна личност").

На крајот, запрашан од гледач кога Русите ќе може да кажат дека сè е во ред, Путин одговорил:

"Луѓето кои пијат знаат да кажат дека не е можно да се испие цал вотка. Но, треба да се проба".

 

26 април 2013 - 09:48