Македонија ја доби Романија со 24:23 со гол на Костески во самиот финиш и на многу потежок начин, со оглед на текот на натпреварот.
Избраниците на Кире Лазаров беа газди на оваа средба и беа во водство 55 минути, но на крајот како да почувствуваа притисок и го искомпликуваa финишот од средбата.
Романците стигнаа до реми на 4 минути до крајот, па дури имаа за прв пат и напад за прво водство кое го испуштија.
Најголемата драма и неизвесност на натпреварот се случи во последната минута, кога Романија даде гол за 23:23.
На помалку од 10 секунди до крај, Томовски брзo ја префрли топката на центар и по само едно додавање, Ненад Костески очи во очи со романскиот голман ја запечати првата победа на Македонија на ова првенство.
Инаку што се однесува до текот на средбата, Македонија го отвори мечот убедливо со 4:0, после еден многу лош стар на Романците кои чекаа дури 11 минути за првиот гол на средбата.
На полувреме имавме 13:9, а највисоката предност ја остваривме во вториот дел кога имавме +5. Но, овој пат Романците го повторија, тоа што нас ни успеа против Португалија и се вратија од истата разлика.
Но, разликата на овој меч е што на крај имаше победник, кој се вика Македонија и кој со овој важен триумф и пласманот на трето место, место два, ќе игра еден бараж двомеч на кој ќе биде носител.
Најефикасен беше Кузмановски со 9 голови, 4 постигна Костески, по 3 реализираа Митев и Ѓорѓиев.