Уште не држи еуфоријата од вчера. Адреналинот пукаше до полноќ. Да потсетиме, 60 минути им одигравме машки на селекција која на прошлото Светско стигна до полуфинале, а на ова цели на медал. Па уште им се вративме од -5 и испуштивме топка од раце за напад за победа. Многу храбар настап на момците на Кире Лазаров кои извадија јуначко реми. Уживајте во пресекот од возбудливата битка.