Во последниот натпревар за ПСЖ, 40.000 навивачи носеа маски со ликот на Златан Ибрахимовиќ. Швеѓанецот излезе на терен каде со аплауз го пречекаа сите фудбалери. Во 10. минута судијата го стопираше натпреварот за навивачите со стоечки овации да му заблагодарат на бројот 10 за сите трофеи што им ги донесе. А Ибра? Им врати со два гола, 38. во првенството. На крајот, ПСЖ направи три замени, но Ибра излезе во свој стил.