69 гола му требаат за да стане најдобар стрелец во историјата на фудбалот

Огнениот старт на 2020-та година - 6 гола на 3 меча за Јувентус, придонесе Кристијано Роналдо да влезе во Топ5 најдобри стрелци во историјата на фудбалот според Rec.Sport.Soccer Statistics Foundation (RSSSF).

Роналдо во моментов има 736 гола во кариерата. Го надмина легендарниот Германец кој имаше неверојатни 735 погодоци. Рејтингот вклчува голови на официјални мечеви за репрезентација и клуб во сите натпреварувања.

Во моментов вечната листа на најдобри голгетери на сите времиња, изгледа вака:

1. Јозеф Бицан 805 гола
2. Ромарио 772 гола
3. Пеле 767 гола
4. Ференц Пушкаш 746 гола
5. Кристијано Роналдо 736
6. Герд Милер 735
7. Лионел Меси 717

(според податоците на Rec.Sport.Soccer Statistics Foundation)

RSSSF е организација основана во 1994 година од статистичарите Ларс Охрус, Кент Хедлундхом и Карел Стокеманс.

Во својот рејтинг овие статистичари ги бројат фудбалерите кои најголем дел од кариерата поминале на високо професионално ниво. Затоа тука го нема на пример Ервин Хелмхен, Германец кој постигнал повеќе од 800 гола, но во аматерски лиги и никогаш не заиграл за репрезентација.

КОЈ Е ЈОЗЕФ БИЦАН?

Овој центарфор ја почнал кариерата во 1931 година. Прв клуб му бил Рапид Виена. По доаѓањето на Хитлер на власт, Бицан заминал во Прага каде играл за Славија. Таму останал поголем дел од својата кариера. Така било и во репрезентативната кариера: Бицан прво играл за Австрија а од 1938 за Чехословачка.

Бицан е според многу параметри најдобар стрелец на сите времиња, иако за време на Втората светска војна исчезнале многу податоци. Изворите тврдат дека му се потврдени 805 гола на официјални натпревари а од RSSSF велат дека можеби има и уште кои не се заведени во листите во бурниот период за Европа.

За да го достигне Бица, на Роналдо му требаат 69 гола. Кристијано во февруари ќе полни 35 години, но се уште игра во сјајна форма. Сезонава има 18 гола за Јувентус и 11 за репрезентацијата на Португалија. Ако може да продолжи во вакво темпо, во догледно време би можел да стане најдобар стрелец на сите времиња.

Самиот Роналдо вели дека тој не обрнува внимание на рекордите:

„Рушењето рекорди не треба да стане опсесија. Се што сум постигнал во животот, дојде природно. Тоа е последица на моите напори, а на ецели. Само така може да постигнеме најголеми достигнувања“, рече Португалецот уште во октомври 2019-та кога го даде 700-от јубилеен гол во кариерата.