Шпицот на Торино (23) кого го гледавме во Скопје на мечот Македонија - Италија е како временска машина. Додека го набљудувате ве потсеќа на Бобо Виери, Џанлука Виали и Андреј Шевченко.
Момчето со бело лице и прекар “Петелот“ на 27 меча сезонава даде 22 гола (само 1 од пенал), има 4 асистенции и е прв стрелец во Серија А. На последниот дуел против Палермо на Несторовски, Белоти го постигна
уште од времето на Шевченко (Белоти три пати прославуваше гол во рок од 7 минути и 15 секунди).
Дечкото роден во местото Калчинате близу Бергамо игра неверојатна сезона и ги радува Италијанците дека конечно после долги години добиле прав шпиц во нападот.
Во Европа во моментов само Кавани со 27 гола и Меси со 23 се пред него, но вредноста на гол во Серија А е поголема од онаа во Франција, така што Белоти во моментов му е главен ривал на Меси во борбата за наградата “Златна Копачка“ на Европа.
Колку е добар Белоти покажува податокот дека 22 гола во една сезона дале последните двајца расни стрелци од Италија, Лука Тони и најдобриот другар на Андреа, Чиро Имобиле од Лацио (едниот во 2015, вториот во 2016). Но со уште 11 меча до крајот, извесно е дека на Белоти ќе му биде лесно да ги надмине учиноците на овие двајца затоа што дава гол во просек на секои 86 минути.
Лука Тони во сезоната 2015/2016 даде 31 гол за Фиорентина и е рекордер меѓу италијанските напаѓачи (апсолутен рекордер е Аргентинецот Гонзало Игуаин со страшни 36 гола минатата сезона за Наполи).
Она што го прави Белоти најкомплетен напаѓач на континентот е неговата разновидност. Веќе даде 8 гола со глава и е подобар во оваа категорија од Кавани, Левандовски, Икарди и Лукаку. Но Андреа дава голови во секој момент и на секаков начин: од отсвртување, од далечина, акробатски, со лева, со десна и со глава.
Со десна дал 9 гола, со лева 5. На оваа листа стрелци во оваа категорија, Кавани има 19 со десна, 4 со лева и 3 со глава. Левандовски има 12 со десна, 7 со лева, но ниту еден со глава. Следуваат:
Обамејанг 11 со десна/5 со лева/5 со глава
Кристијано Роналдо: 14/0/4
Меси: 2/20/1
Суарез: 14/5/1
Кејн: 15/3/1
Лукаку: 5/9/4
Џеко: 12/6/1
Игуаин: 13/5/1
Мертенс: 14/4/0
Икарди: 10/2/5
Од каде потекнува ’Петелот’ и колку вреди?
Веднаш по хет-трикот против неговиот поранешен клуб Палермо, претседателот на Торино Урбано Каиро ја корегирал неговата откупна клаузула кој ашто во моментов изнесува 100 милиони евра и важи само за странски, а не италијански клубови.
Од вкупно 51 гол на тимот на Михајловиќ, Белоти даде 22. Неговиот учинок е подобар од 8 различни клуба сезонава: Кротоне досега дал 21 гол, Леганес 21, Инголштад 21, Волфсбург 21, Мидлзбро 19, Нанси 18, Дармштад 15, Емполи 15.
Белоти е дете на Албинолефе. На 10 март 2012 година на мечот против Ливорно дебитирал во Серија Б. Влегол во второто полувреме од клупата и после 20 минути го постигнал првиот гол.
Во втората сезона во Албинолефе станал стандарден шпиц и со 12 гола бил еден од најдобрите стрелци во првенството. Во летото 2013 година бил позајмен во Палермо но скоро клубот од Сицилија го откупил. На 24 септември 2013-та против Бари дебитирал за Палермо, а на 5. октомври против Бреша го дал првиот гол за ’Розанеро’.
Во дебитантската сезона за Палермо дал 10 гола и му помогнал на тимот да се врати во елитата. На 31. август 2014-та на мечот против Сампдорија Андреа Белоти дебитираше во италијанската Серија А, а веќе на 24 септември против Наполи даде два гола.
Во летото 2015-та Белоти премина во Торино за 7,5 милиони евра. На 13 септември таа година против Хелас Верона дебитираше за ’Граната Торино’. На 28 ноември против Болоња Андреа го даде својот прв гол за Торино под водство на сегашниот селектор на Италија Џампјеро Вентура.
И покрај тоа што даде гол долго време после дебито, Белоти во првата сезона стана најдобар стрелец на екипата со 12 гола. На полусезона го бараа Наполи и Интер, но Андреа призна дека навива за Милан а газдата Каиро не сакаше да слушне за негова продажба.