Дајте му пирамида на фараонов

Фудбалерот кој го однесе својот Египет на Светско првенство после повеќе од две децении сосема заслужено е избран за играч број еден во Англија.

Салах освои најмногу гласови во гласањето на англискиот професионален сојуз на фудбалери, признание кое има најголема тежина со оглед на тоа дека те гласаат колеги и стана играч на годината.

Зад него беа Кевин Де Брујне и Давид Де Хеа кои имаа неверојатна сезона но не можеа со статистиката на Салах кои урна неколку рекорди.

Египќанецот досега во Премиер лига постигна 31 гол сезонава со што ги израмни рекордите на Алан Ширер (1995/96), Кристијано Роналдо (2007/2008) и Луиз Суарес (2012/13). Салах притоа има да одигра уште три меча сезонава на кои ќе се обиде да стане неприкосновен.

Мохамед сеознава го имаше и првиот хет-трик и првиот покер (четири гола на еден меч) како играч на Ливерпул кај Јирген Клоп.

Неверојатниот крилен напаѓач стана првиот играч во историјата на Премиер лига со три награди најдобар играч на месецот (ноември, февруари, март).

24 од своите 31 гол Салах ги дал со лева нова. Тој стана прв играч во Премиер после Кристијано Роналдо кој дал 40 или повеќе гола на сите натпреварувања (41). Своите 31 гол досега Салах ги дал на 23 меча сезонава.

Ги решеташе мрежите на 16 од 19 премиерлигаши.

Што се однесува до бројот на голови во една сезона во историјата на Ливерпул, Јан Раш дал страшни 47 во сезоната 1983/1984, Роџер Хант постигнал 42 во 1961/1962, а Салах има 41.

Сезонава во најдобрите европски лиги има само четворица играчи кои дале 40 или повеќе од 40 гола во сите натпреварувања - Роналдо (42), Салах (41), Чиро Имобиле (41) и Меси (40).

Приказната за тоа колку е сакан Салах на Блискиот Исток тука.