Какви се шансите?

Некој ќе лапа 640 милиони долари колку што изнесуваше рекордната лото добивка во САД (изгледа тројца ќе ги делат парите). Статистички, шансата да се добие оваа премија изнесуваа 1 на 176 милиони! Што сé е поверојатно да му се случи на еден Американец?

ДА БИДЕ СМАЧКАН ОД АВТОМАТ ЗА ГРИЦКИ/ПИЈАЧКИ:

1: 112 милиони

ДА СТАНЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ:

1: 10 милиони

ДА ЗАГИНЕ ЗАТОА ШТО Е ЛЕВАК А КОРИСТИ ПРИБОР ЗА ДЕСНАЦИ:

1 : 4,4 милиони

ДА СТАНЕ ФИЛМСКА ЅВЕЗДА:

1 : 1.505.000

ДА ГО ПОГОДИ ГРОМ:

1: 1 милион

ДА ЗАГИНЕ ВО СООБРАЌАЈКА:

1:6.700

31 март 2012 - 16:10