Илјадарката на Кире

Капитенот на македонската репрезентација синоќа против Словенија го даде 1000. гол во дресот на репрезентацијата. Кире до првиот гол на мечот против Словенците даде 977 погодоци на официјални средби (квалификации, настапи на СП и ЕП).

Во воведниот меч од Мундијалот против Тунис Кире запиша 12 гола, против Ангола 10 а синоќа против Словенија 8 од кои првиот од пенал беше јубилеен 1000-ти:

1.000 голови Кире Лазаров веќе одамна постигна и во елитната Лига на шампиони.