Можеме да се радуваме што изборниот циркус започна. Додуша, не започна весело затоа што Јани ни се расплака. Ние најискрено ја почитуваме секоја солза, особено машка (зашто само вистински мажи умеат да заплачат) ама малку чудно што Јани емотивно се скрши на спомнување на Курбан Бајрам и Свети Никола. Е сега, бидејќи политичарите сакаат да си прават вратки "на ист терен, само појако", ако го видите Коце како талка по улици и рика од плачење, јасно ви е...