Со првите 4 гола за Пелистер каде ја почна кариерата во 1997 година во сениорска конкуренција, Кире Лазаров ја начна мрежата во најелитното клупско европско ракометно натпреварување. Синоќа Барселона во третото коло му гостуваше на Пик Сегед, а таа бројка од 1000 голови стана јубилејна и историска за него.
Лазаров за Веспрем постигна 282 гола во ЛШ, за Загреб 272, за Сиудад Реал 74, за Атлетико Мадрид 166 и за Барселона во неговата трета сезона за сега стигна до 202 гола.
За него е ова 14-та сезона во елитата каде два пати беше најдобар стрелец. Најпрвин со Веспрем во сезоната 2005/2006 со 85 гола, а потоа со Загреб во 2007/2008 со 96 погодоци.
Кире во Лига на шампиони со Веспрем во 2006-та стигна до полуфинале, а со Сиудад Реал и Атлетико беше финалист во 2011-та и 2012-та. Сонот за да го достигне трофејот кој му недостасуваше на клупски план му се оствари минатата сезона со Барса.
Капитенот на Македонската ракометна репрезентација на СП 2009 Хрватска стана најдобар стрелец во историјата на Мундијалите со 92 гола, а тоа достигнување му успеа и на ЕП 2012 во Србија со 61 гол.
Зад 1000-та на Кире во Лига на шампиони се: Сергеј Рутенка (838 гола), Никола Карабатиќ (783), Момир Илиќ (676), Филип Јиха (633)...
Кире во дресот на Пелистер
Како на 23 март 2013-та го однесе Атлетико во четвртфинале од ЛШ
Гол за Барса скоро од пола терен
1000-от гол во ЛШ