Ако гледавте хајлајтс од двата последни натпревари на Манчестер Јунајтед, сигурно забележавте дека Ромелу Лукаку воопшто не ги празнува своите голови.
Во вонредното коло во работна недела, белгискиот напаѓач го постигна единствениот гол во мрежата на Борнмут и без емоции тргна кон центарот на теренот додека другите играчи славеа. Во неделата Лукаку го постигна првиот гол во мрежата на Вест Бромвич и одново остана ладнокрвен и мирен без да покаже никакви емоции.
Уште после првиот случај многумина сметале дека таквата негова реакција е одговор на критиката на навивачите. Лукаку здраво ја започна сезоната, се изнадава голови, но потоа до мечот со Борнмут даде само 1 гол во дури 10 кола од Премиер лигата.
Играчите често се критикувани ако претерано слават постигнат погодок а Лукаку го критикуваа за тоа што тој воопшто не ги празнува своите голови.
„Должен е да слави, обврзан е. Него го критикуваа во последно време но кога даваш гол, славиш со навивачите кои скокаат после голот. Ќе славиш заедно со нив“, рече Гери Невил.
Зошто Лукаку кој ќе игра на Светското 2018 за Белгија не го славел голот против Вест Бромвич после мечот објасни Жозе Мурињо:
„Мислам дека Ромелу добро памети каде беше (Лукаку во сезоната 2012/2013 играше во Вест Бромвич на позајмица од Челси и тогаш даде 17 гола). Тука му ги дадоа сите услови за развој. Можно е сега да го памети тоа“.
И самиот Мурињо се сетил за себеси:
„Јас им се радувам на победите, но се сеќавам како славев гол пред 15 години и сега не се срамам многу за тоа. Со годините подобро се контролираат емоциите освен ако нели, не дадеш победнички гол на самиот крај“, вели тренерот на Манчестер Јунајтед.
Во среда Манчестер Јунајтед игра со Бристол Сити во Лига Купот а во сабота во првенството со Лестер. Сега на нивните средби има нова интрига и сите ќе чекаат да видат како ќе се однесува Лукаку.