Таг: жозе мурињо

Жозе ко Жозе

По дома добри?

Мурињо е најјак, качи навивач на Фенербахче во автобус кој трчаше по нив

Фенербахче славеше 0:2 на гостувањето против Аланијаспор. Додека цел тим беше во клупскиот автобус, навивач трчаше покрај нив. Жозе како Жозе е роден за уникатни потези, па му рекол на возачот да застане, за да го пуштат внатре. Со сите играчи имаше можност да се слика или да се поздрави. Се разбира почнувајќи од славниот тренер. Остај друго, него и на вечера го викнал.

Комедии со преведувачот на Мурињо

Само со Жозе може да се случи ваков прес. Циркузи.

Пандев: Кога се повлеков од репрезентација Мурињо ми плачеше на телефон

Бобан Николов пред 3 и кусур години во подкастот на Лазаров откри јака случка од атобусот со кој се враќале во хотел по последниот меч на Пандев против Холандија на ЕП 2020. Ја потврди и самиот Пандев. Жозе му се јавил, плачел, па му спуштил. Каков респект кон нашата легенда.

Нова циркузијада во режија на Мурињо кој победи во 102 минута

Фенербахче го доби Трабзонспор на гости со 2:3 во натпревар со два пенали за домаќините и лавина критики на Мурињо за судијата од ВАР собата кој го нарече невидлив човек.

Мурињо: Манчестер освои бод со Фенербахче, а не Фенербахче со Манчестер

Се знаеше дека ќе прави циркузи и во Турција. Пол Сколс во студио вели дека интервјуто на Жозе било поинтересно од мечот.

Само Мурињо може да приреди ваков циркуз

Фенербахче ја доби Анталијаспор со 0:2, натпревар на кој Жозе Мурињо направи нешто што не сме го виделе виделе до сега. Незадоволен од судиска одлука, го намести лап топот према камера, за да докаже дека судијата греши. За парадата доби жолт.

Мурињо остана без ЛШ со гол во 118-та минута

Неславно тргна турската одисеја за славниот португалски тренер кој има две титули во Лига на шампиони. Ќе мора да се задоволи со настап во Лига Европа.

Мурињо со прашања до Чет Џи-пи-ти

Фенербахче многу добро знае каков шоумен донесе. Тренер со кој е доста забавно и надвор од тие 90 минути фудбал. Клубот веќе почна да снима штосни видеа со него.

Што кажа Мурињо за Анчелоти после финалето?

„Тој не е тренер од социјалните мрежи, туку е соодветен тренер. Тој доаѓа од меритократијата. Одете во неговата канцеларија и погледнете ги неговите медали“, вели искусниот Жозе кој даде точна проценка за човекот кој стигна до 5 трофеи во ЛШ.

Белингем до Мурињо: Може да се сликаш со мајка ми?

Жозе Мурињо беше ангажиран како стручно лице во финалето од ЛШ на Вембли, а Џуд Белингем после церемонијата со доделувањето на пехарот и медалите имаше барање до него. Мајка му сакала да има фотка со него.

Мурињо објави фотка со Пандев и го нарече „македонскиот крал“

Македонската легенда беше дел од спектакл во Букурешт каде се одигра натпревар меѓу селекцијата на Романија 1994 и Тимот на светот. Стрелци за гостите беа Пандев и Ривалдо.

Мурињо: Модриќ е убавината на фудбалот

Жозе Мурињо го смета Лука Модриќ за гордост и вели дека кога го однел во Реал Мадрид, никој не верувал дека е за таму, а уште игра после толку години.

Мурињо во 1 минута ќе ви објасни од каков материјал е Чаби Алонсо

4 трофеи со Ливерпул, 5 трофеи со Реал Мадрид, 5 трофеи со Баерн Минхен, светски и двократен европски првак со Шпанија. Или како што објаснува Жозе:

Реклама со Мурињо за албумот со сликици ЕП 2024

УЕФА потпиша договор со компанијата Топс која ќе им биде официјален партнер за следните две Европските првенства 2024 и 2028. Таа ќе биде должна за ребрендирање на турнирите со официјални производи меѓу кои и албумот со слики. За амбасадор го назначија Жозе Мурињо.

Како модерниот фудбал го прегази Мурињо?

Сè уште е генијалец кога е во прашање подготовката за неговиот следен противник и сè уште е неверојатно харизматичен лик. Но сега тој е осуден на споредни улоги.

Нова анегдота на Мурињо за Балотели

Кога Марио играше за Интер беше уште позелен од сега, бидејќи имаше 18, 19 години. Жозе го викнал на состанок во канцеларија, а слепецот отишол квалификации за Формула 1 да гледа.

Тренер во Египет прекина прес конференција поради повик од Мурињо

И кога го нема во кадар, пак ќе најде начин како да направи шоу и голема е веројатно ова да му е смислено. Португалскиот стратег Рикардо Формосињо се пласираше во египетскиот Супер Куп со тимот на Модерн Фјучер после пенали, а потоа рече дека мора да се јави бидејќи го бара Мурињо на кој инаку му беше помошник тренер во Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

Нова игранка на Мурињо

И покрај раното водство уште во 5 минута, Рома одигра 1:1 против Фиорентина на меч со три црвени картони. Кај домаќини беа исклучени Залевски 64-та и Лукаку 97-ма минута, а кај гостите Миленковиќ во 98-ма. Жозе смисли нов начин за како да пренесе порака до играчите во однос на тактиката. Напиша ливче кое му го испрати на голманот преку едно од децата што собира топки.

Само Мурињо може да го направи ова при радост за гол

Рома како фаворит славеше дома 3:1 против Удинезе. Третиот гол го постигна Ел Шарави во 90-та минута, а Жозе се радуваше како е ова некое финале. Следете го на видеото, фати да гушка едно од децата кое собира топки.

Само Жозе знае да направи ваква парада пред камери

По триумфот над Сервет од Швајцарија во ЛЕ, додека Мурињо даваше изјава, го викна до него 19 годишниот Франческо Д`Алесио од Примавера на кој ноќта му овозможи на дебитира во прв тим. Потоа во свој стил раскажа една куса и убава случка, која се разбира оди во прилог на неговиот имиџ. Еј кој курназ е.

Мурињо до новинар: Ти се извинувам јавно за глупоста што ја направив

И Жозе знае да се извини кога ќе погреши и тоа со новинар, кон кој призна дека бил непотребно дрзок откако се преслушал. Убав гест.