Мурињо е најјак, качи навивач на Фенербахче во автобус кој трчаше по нив
Фенербахче славеше 0:2 на гостувањето против Аланијаспор. Додека цел тим беше во клупскиот автобус, навивач трчаше покрај нив. Жозе како Жозе е роден за уникатни потези, па му рекол на возачот да застане, за да го пуштат внатре. Со сите играчи имаше можност да се слика или да се поздрави. Се разбира почнувајќи од славниот тренер. Остај друго, него и на вечера го викнал.