
Мурињо на времето во Челси, на една прес конференција сам се нарече „The special one“. И стварно е посебен и тоа по повеќе параметри.
Тој е тренер со најмногу заработени пари од откази или поточно од обештетувања од повеќе клубови.
Португалецот само една сезона успеа да остане на клупата на Фенербахче, а клучниот неуспех за неговото бркање е што загуби од Бенфика и втора сезона по ред, не успеа да го внесе клубот во ЛШ.
Но има уште една година од договорот, што значи дека добро ќе го наплати отказот. Според пишувањата на турските медиуми, од Фенербахче ќе добие обештетување од 7,7 милиони фунти.
Тоа ќе биде седмиот клуб во кариерата кој ќе го исплати за раскинување на договорот и така Мурињо ќе стигне до неверојатни 88 милиони фунти или 100 милиони евра.
Антонио Конте на пример, заработил околу 37 милиони фунти отштета за време на неговата кариера.
Челзи му исплати 13,6 милиони фунти на Луис Фелипе Сколари во 2009 година и 13 милиони фунти на Томас Тухел во 2022 година, но никој како Жозе рекордерот, кој од двете отпуштања од Стемфорд Бриџ, заработил 26,3 милиони фунти.
Листа на клубови од кои Мурињо ги наплатил отказите:
- 26,3 милиони фунти од Челси
- 19,6 милиони од Манчестер Јунајтед
- 17 милиони од Реал Мадрид
- 15 милиони од Тотенхем
- 3 милиони од Рома
- 7,7 милиони од Фенербахче