Мурињо не бира зборови кога ќе тргне да си го штити егото

Во претпоследното коло Фенербахче кој е математички втор, се посрамоти од претпоследно пласираниот Хатајспор со 4:2. Мурињо 4 минути се вадеше за поразот, а пресот го почна во свој стил, без воопшто да размислува дали ќе ја омаловажи лигата каде моментално работи и зема плата: „Во последните 7 години играв две европски финалиња. Тоа значи дека дека во последните 7 години одиграв повеќе европски финалиња, од целиот турскиот фудбал во својата историја.“

28 мај 2025 - 08:21