Неверојатен пресврт на Манчестер Јунајтед со Рома, Баерн го скроти Атлетико Мадрид

Чекаа, чекаа и конечно дочекаа навивачите на Манчестер Јунајтед да експлодира „Олд Трафорд“. Рома вечерва водеше 0-2, но во вториот дел домаќините предводени од сјајниот Бразилец Куња направија целосен пресврт. ПСЖ славеше 0-6 кај Виљареал каде даде 4 гола за 17 минути, а Баерн Минхен победи против Атлетико Мадрид.

На Рома втор пат по ред и се случува катаклизма. Во минатото коло водеа Римјаните 3-1 против Реал Мадрид а од 80-та минута до 90+ примија три гола и изгубија 3-4.

Сега составот на Џан Пјеро Гасперини имаше убедлива предност на „Олд Трафорд“, водеше 0-2 но со головите од повторениот пенал на Бруно Фернандеш кој прво промаши но судијата го повтори дека Брајан Кристанте пред време влегол во шеснаесетникот и со два гола на јунакот Куња, на крај изгуби 3-2.

Во самиот финиш Бразилецот Куња доби втор жолт картон поради тежок прекршок а само неколку секунди претходно доби жолт зошто голот го прослави така што го соблече дресот па црвен картон му беше неизбежен на крајот.

Каква вечер за навивачите на Манчестер Јунајтед кои веруваат дека ова можеби е пресвртна точка на мизерната сезона.

Лига на шампиони, 4. коло, резултати:

ГАЛАТАСАРАЈ - ШТУТГАРТ 2-0 (2-0)


ШАХТЈОР ДОЊЕЦК - СПОРТИНГ 0-1 (0-0)

АТЛЕТИКО МАДРИД - БАЕРН МИНХЕН 0-2 (0-0)

БАРСЕЛОНА - АСТОН ВИЛА 3-0 (1-0)

БОДО ГЛИМТ - ЛИЛ 0-0

ФЕЈНОРД - ИНТЕР 0-3 (0-2)

ЛАСК - СЛОВАН БРАТИСЛАВА 4-0 (3-0)

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД - РОМА 3-2 (0-2)

ВИЉАРЕАЛ - ПСЖ 0-6 (0-4)

3 ноември 2026 - 22:54