30 причини зошто Кристијано Роналдо е мит

На денешен ден, пред 30 години во шестиот град по големина во Португалија се роди шампионот на Реал Мадрид. Од петле на Спортинг Лисабон до Златна топка за најдобар играч на планетата, патот го однесе Роналдо до Реал Мадрид.

Кристијано Роналдо дос Сантос Авеиро му е правото име на фудбалерот кој се роди на островот Мадеира, во градот Фуншал. Триесет години подоцна, поранешното чудо од дете на португалскиот фудбал израсна во најдобар светски фудбалер според ФИФА.

Зошто јавноста го смета за мит:

1. Затоа што во средно школо ветил на класната дека ќе биде најдобар на светот, а таа му свикала да престане да сонува и да почне да учи или ќе оди на полагање. Би сакале да ја запознаеме таа наставничка, што за малку ќе ја сменела историјата на фудбалот.

2. Затоа што е лоша среќа да бидеш убедливо подобар од сите други, а да се родиш во ерата на Меси. Без Аргентинецот, Роналдо би освоил шест Златни топки без сомневање. Или можеби конфронтацијата со Меси го мотивира повеќе?

3. Затоа што кога го виде Џорџ Бест изјави: „Многу фудбалери беа етикетирани како новиот Џорџ Бест, но овојпат ова навистина е комплимент за мене".

4. Затоа што во Јунајтед ја зема 7-та ослободена од Дејвид Бекам и кога изгледаше дека е тешко некој да го замени, се појави тој.

5. Затоа што тој не ја сакал 7-та, туку ја избра 28-та со која играше за Спортинг Лисабон. Но Сер Алекс Фергусон беше тој што му го посвети тој магичен број, кој го носеа Џорџ Бест, Боби Робсон, Ерик Кантона. „Не можев да му противречам на шефот", изјави Роналдо подоцна.

6. Затоа што Фергусон видел шампиони и шампиони, а Роналдо го опиша: „Тој беше најталентираниот фудбалер што сум го тренирал. Секогаш знаев дека и во еден катастрофален натпревар може да создаде барем две шанси за гол". На сите документирани видео записи од настапите на Португалецот за Јунајтед не може да се најде ниту еден меч каде барем три пати на влегол во шанса.

7. Затоа што има безброј дриблинзи, но одличен е и со глава.

8. Затоа што само некој како него може да стане кандидат за реклама за шампон против перут и да го освои срцето на Ирина Шаик.

9. Затоа што дебитираше во ЛШ на 17 години против Интер на Хектор Купер. Играше и на првиот натпревар, а во реваншот на Сан Сиро. Многу навивачи на Интер тогаш се потсмеваа што бројот 28 сака да го имитира Бразилецот Роналдо, тогаш единствен и неповторлив. Сега кажи Роналдо и ќе треба да објасниш за кој Роналдо.

10. Затоа што во 2004 година играше Европско првенство на домашен терен заедно со Фиго и Руи Коста. Ги победи Англија и Холандија и се најде во финалето против Грција, кога не му оствари сонот да освои златен медал.

11. Затоа што само тој ја освоил Златната копачка за најдобар стрелец во две различни првенства, во Англија и во Шпанија.

12. Затоа што е единствен што освоил два ЛШ со два различни клуба. Давал гол во финалето на ЛШ со два различни клуба.

13. Затоа што во сезоната 2013-2014 го даде еден од најубавите голови во ЛШ и некој месец подоцна го повтори истото ремек-дело. Во триумфот од 6:1 против Галатасарај на гости издрибла тројца противнички фудбалери и со бомба со лева го легна голманот. Реприза на истиот гол имаше и во победата на Реал од 6:1 против Шалке, исто на гостински терен.

14. Затоа што има препознатлива поза пред да изведе слободен удар.

15. Затоа што против Валенсија, во 92' минута израмни со петица кога сите очекуваа Реал да изгуби.

16. Затоа што ако не станел фудбалер, сакал да стане професор по физика.

17. Затоа што имал безброј неоправдани часови, кога бегал од школо за да игра фудбал. „Наставниците ми викаа дека треба да го оправам, но јас не сакав да го казнувам. Мораше да тренира за да стане голем фудбалер", изјави мајка му во една прилика.

18. Затоа што стана најдобар играч на турнирот во Тулон (Франција), каде секоја година се игра европски шампионат за фудбалери до 20 години. На тој турнир се прославуваа Папен (прв стрелец во 1985), Ширер (во 1991), Руи Коста (прв стрелец во 1992), Анри (прв стрелец во 1997) и Рикелме (најдобар играч во 1998).

Роналдо беше прв стрелец во 2003. година, но наградата за најдобар фудбалер ја доби Хавиер Маскерано, по што Португалецот изјави: „Најважно беше екипата да стигне до целта. Го освоивме турнирот и стигнавме до целта".

19. Затоа што како мал, кога губел, плачел како фонтана и го викале плачко. Сега од него плачат противниците.

20. Затоа што го викале пчеличката, поради начинот на игра во кој на теренот е час на едната страна, час на другата. Неколку години подоцна, Кристијано го нарекол своето куче „abelinha" (пчеличката).

21. Затоа што уште како мал сакал да биде најдобар во сè: во пинг-пинг, во тенис, во билијард, во мал фудбал, во атлетика, во гимнастика. Морал да победи секогаш во секој спорт што го вежбал.

22. Затоа што ова е листата на клубови кои биле заинтересирани за него кога имаше 17 години додека играше за Спортинг Лисабон: Барселона, Арсенал, Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Челси, Интер, Јувентус, Парма, Атлетико Мадрид и Валенсија. Го купи Јунајтед, поради Португалецот Карлос Квеирош, помошникот на Фергусон на времето.

23. Затоа што израснал во сиромашниот крај Quinta do Falcao, во градот Фуншал. Штом почнал добро да заработува, веднаш ѝ купил куќа на мама Долорес. Елегантна вила на два спрата со поглед на Атлантикот.

24. Затоа што им нашол работа на локалните таксисти на островот каде што е роден, кои за неколку евра организираат мини тури до местата на неговото детство: домот, школото, флиперницата, игралиштето...

25. Затоа што неговото име и презиме е мешавина од семејни желби. Тетка му, што работела во дом за деца без родители сугерирала тој да се вика Кристијано. На мајка му и на татко му, пак, им се допаѓало името Роналдо, затоа што ги потсеќал на Реган, поранешниот претседател на САД. По фузирање на двете имиња, се добило Кристијано Роналдо.

26. Затоа што има добро мислење за себе. Меѓу познатите изјави во минатото, му се издвојуваат: „Обожавам да бидам Кристијано Роналдо" и „Кој сака фудбал, го сака и Кристијано Роналдо", „Мислам дека луѓето ми завидуваат затоа што сум богат, убав и сум одличен фудбалер.

27. Затоа што некогаш знае да биде тежок: „Има денови кога не е лесно да се биде Кристијано, затоа што сакаш да правиш едноставни нешта, а не можеш".

28. Затоа што косата и фризурата му се права опсесија. Им се допаѓа на жените, но во 2009. година списанието „Gay Times" го избра за најсекси маж на светот.

29. Затоа што ја откри неговата тајна за одличниот шут: „Секогаш мислам како да шутна, а прво го гледам голманот, голот, добро го снимам живиот ѕид и шутирам велејќи си себе Здрви ја јако, Кристијано!“

30. Затоа што кога ја доби Златната топка за најдобар фудбалер на 2014. година, урлаше и се расплаче од среќа.

На 5. февруари родени се и Чезаре Малдини, Свен Горан Ериксон, Ѓеорѓе Хаџи, Карлос Тевез, Јордан Родес, Нејмар и Аднан Јанузај.

Најдобрите 10 голови на Кристијано Роналдо:

 

Скај спорт