Фотографијата ја направи и на Твитер ја објави првиот човек на УНХЦР во Јордан, Ендру Харпер. Меѓутоа без разлика колку е таа трогателна, друга фотографија со поширокиот кадар покажува дека малиот и не е така осамен сред пустина.
Мајката на Марван била со групата бегалци кои дента биле пуштени од Сирија за Јордан и била веднаш пред него. Откако го забележале Марван, на луѓето на УНХЦР им требале околу 10 минути за да ја најдат мајка му.
Портите на јорданската граница се отвораат еднаш на ден, и во тие момент бегалците од Сирија во најголема гужва и неред се обидуваат да влезат во земјата. При ова често пати се случува децата да се одвојат од мајките, меѓутоа од јорданска страна има повеќе вработени на УНХЦР кои им помагаат на малите да ги најдат своите мајки.
Утредента по објавување на фотографијата од Мараван, Харпер ја објави и фотографијата од групата, со коментар - "тој беше одвоен, ама не и сам."