Малиот Принц

Што сè треба да знаеме за Антоан Гризман?

Како мал големите француски клубови го одбивале со изговор дека „е низок и дека е слаб по конституција“, а прв кој го забележал неговиот талент бил еден француски скаут од Реал Сосиедад. Сестра му била на концертот во Батаклан каде Исис уби 90 луѓе.

Антоан Гризман играл за тимот Макон, кој се наоѓал на 70 километри од Лион, а спортски директор таму бил неговиот татко Ален. Во детството Гризман го обожувал Павел Недвед, така што пуштил долга коса, но не добил разбирање од другите деца.
 
Антоан го добил првиот шамар од татко му на 19 години поради непослушност и инаетење, но косата не ја ишишал. Љубовта кон Недвед била посилна. По извесно време одел на проба во големите клубови: Лион, Сошо, Оксер, Сент Етјен, Мец. Секаде добивале одговор: техника има (дедо му е Португалец), но е премногу мал и ситен. Антоан бил најупорен во Мец каде се јавувал неколку пати на проба.
Мајка му го тешела: „Ти си мојот мал принц. Тие едноставно не се разбираат во фудбал. Ти ќе најдеш подобра екипа“. Да, конечно нашол. Отишле со татко му во Монпеље град оддалечен три часа со кола од нив, но барем ќе се проба во голем клуб. Гризман го ставиле на мечот против младинците на ПСЖ, а потоа му рекле: „Извини, ама нас ни треба покрупен напаѓач, а таков веќе имаме.
Цел живот Антоан сонувал за фудбалот и секоја недела го разочарувале: „Не, мали, не си ти за ова. Батали низок си и мал“. Но после осмата проба веќе станал рамнодушен и му било сеедно. За да ја избегне адолесцентната депресија, Гризман измислил некои нови соништа. Неговиот помлад брат Тео раскажувал дека на 13 години Антоан водел дневник во кој на последната страна стоела негова слика и околу него излепени новинари со микрофони како му бараат интервју.

Додека играл за јуниорските тимови на Монпеље и ПСЖ, Антоан го загледал скаутот на Реал Сосиедад, Ерик Олатс кој по тренингот го потапкал татко му на Гризман по рамето и му дал визит-карта: „Дојдете на еднонеделна проба".

Сабајлето Монпеље им се гледал најдалечен град на светот, а сега наеднаш ги викаат таму во Сан-Себастијан во друга земја. Родителите размислувале дка Антоан е само дете кое сонува и дека фудбалот е само негово хоби. Сомнежите на Изабел Гризман и нејзиниот маж ги прекинал најстариот син кој им кажал дека има лет од лионскиот аеродром „Антоан де Сент-Егзипери".

Кога избувнала граѓанската војна во Шпанија, писателот и новинар Егзипери („Малиот Принц“) одлетал таму за да работи како дописник на парискиот весник „Ентрансижан" за кого известувал. Од тие дописи ја составил книгата „Шпанија во крв".

Во Сан Себастијан, малиот Антоан Гризман живеел кај скаутот Ерик Олатс, Французин задолжен за талентирани деца од оваа земја. Секој ден патувал половина час до теренот, но во Шпанија никој не го срамел дека е низок по раст. Поради повредата на клучните играчи, Гризман на 18 години бил приклучен во првиот тим на Реал Сосиедад, постигнал пет голови на четири пријателски средби и за него се сетиле во Франција.

Селекторот на Франција У-19 Франсис Смеречки го повикал во селекцијата која со Гризман ќе стане европски шампион. Малиот Антоан дал два гола во финалето против Шпанија, а во нападот играл со Александар Лаказет од Лион. Да не биде се така сјајно, Гризман се здружил многу со Клеман Грение со кој излегол во еден ноќен клуб и таму ја поминал целата ноќ пред мечот на младата репрезентација на Франција. Тогаш добил драконска суспензија од 14-месеци забрана за настап за сите репрезентации на Франција.

Неколку месеци после дисквалификацијата Дидие Дешамп го викнал Гризман, затоа што овој од септември до декември имал неверојатна серија од 12 голови на 12 меча во Примера а пред победничкиот гол за Реал Сосиедад против Лион и пласман во Лигата на шампионите во 2013-та година. Против саканиот Лион, на чиишто мечеви го возеше татко му три пати во месецот. „Кој е твојот омилен играч, сигурно Зидан?, се прашувал Гризман во дневникот од детството и одговарал: „Не. Сони Андерсон од Лион".

Тоа го напишал следниот ден, откако се сликал со бразилскиот напаѓач во Лион на легендарниот стадион „Жерлан". А неколку месеци пред да премине во Сан-Себастијан, Антоан го убедил татко му да му го купи новиот дрес на ѕвездата на Лион, Карим Бензема од Фан шопот на Жерлан.

Десет години подоцна заигра со него во репрезентацијата и дружат во Мадрид. „Кога го запознав Карим скокнав од радост исто како и кога татко ми ми го купи неговиот дрес. Се смеев долго време", признал Гризман во интервју со новинарот Антуан Бреар од весникот Attitude. На прашањето „Што ти беше најтешко во првите години живот во Шпанија", Гризман му одговара на новинарот: „Кога се враќав на одмор дома во Макон, кај родителите, братот и сестрата и знаев дека наскоро пак ќе ги напуштам за долго".

На 13. ноември постарата сестра на Антоан, Мод Гризман била во париската концертна сала „Батаклан" на концерт на групата The Eagles of Death Metal. За време на терористичиот напад во салата Гризман беше на „Стад де Франс" каде Франција играше пријателска против Германија. Со помош на полицијата Мод некако се спасила и излегла од салата каде загинаа 90 лица.

Во авионот пред мечот Албанија - Франција, Гризман играл Фудбал Менаџер со Челси

Синоќа во Макон, место со 35.000 жители, било дождливо а децата трчале по улиците во дресови на Атлетико и француската репрезентација со презимето Гризман на грбот. Родителите на Антоан иако се преселиле во голема вила со базен, редовно прават излети до стариот дом во областа Готриат каде уште има траги на гаражата од топките што ги шутиал Гризман.

На четврти и петти јуни, во родниот крај на Гризман се игра турнир за младински тимови во негово име. Истиот турнир Антоан го отворал во 2012, 2013 и 2015-та година кога дарувал свои дресови, се фотографирал и играл мал фудбал. Годинава не стигнал да дојде поради Европското.

„Гризман играше за Франција и на Мундијалот 2014 во Бразил, од тогаш смени клуб, созреа како играч и стана многу корисен. Игра и со двете нозе, паметен е и ефикасен. Сега е еден од најважните играчи во репрезентацијата", изјави селекторот Дешамп во пресрет на Европското.

Напаѓачот е прв стрелец во досегашниот тек од првенството со 4 гола и 2 асистенции.