Таг: лион

Франција гори, Лион се чешла

Деновиве во сите поголеми градови во Франција се случуваат демонстрации и судири меѓу демонстранти и полиција со жестокост која вообичаено е доволна за да се вклучат западните аларми за менување на некој власт. Еден од тие градови е и Лион кој изгледа окоравел на вакви настани.

Фрустрацијата кога ќе изгубиш од претпоследниот

На Лион не му оди сезонава и се наоѓа на 9-та позиција. Интересно имаат ист број на порази, вкупно осми со Стразбур кој од 19-та рипна на 16-та позиција. Лион - Стразбур 1:2. Напаѓачот Карл Токо Екамби играше во напад и во тунел.

Славјето на навивачите на Лион за Златната топка на Бензема

Карим е всушност продукт на Лион со кој навивачите се гордеат. Постигна 66 гола и освои 7 трофеи во периодот 2004-2009. Погледнете ја сценава од улица.

Магијата на Фред ала Роналдињо кој прослави со цуцла

Во пресрет на вечерашните реванш осминафинални дуели од ЛШ, УЕФА преку социјалните мрежи не потсеќа на една подзаборавена мајсторија од мечот Лион - ПСВ, одигран пред 16 години. Ремек дело на бразилскиот напаѓач кое ќе го видите од пет агли.

Подвиг на Пакета: Летал 8.000 км да игра за Бразил, се вратил за помалку од 48 часа и намести 2 гола за Лион

Одамна немало таков волшебник од Бразил, можеби после Роналдињо. Младиот Лукас Пакета со индивидуални акции, соло продори, дриблинзи и асистенции го прави Лион атрактивен за гледање.

Фудбалер на Лион од женски судија доби жолт картон за дриблинг

Бразилецот Лукас Пакета, кој заедно со Нејмар важат за најдобри дриблери во репрезентацијата, синоќа на мечот Лион - Троја (3:1) тргна да го изведе познатиот „сомбреро“ дриблинг преку глава на противничкиот играч. Не му успеа, а судијката Стефани Фрапар му покажа жолт картон.

Почина Жерар Улие, поранешен тренер на Ливерпул и Лион

Францускиот тренер почина на возраст од 73 години, во ноќта меѓу недела на понеделник. Ќе се памети по големите успеси со Лион и со Ливерпул чии навивачи многу го почитуваа.

Судија три пати повторуваше пенал, голман три пати бранеше

Лион немаше претставник само во полуфиналето на Лига на шампиони. Младинците на овој клуб играа во 1/4 финале на младинската лига на УЕФА и изгубија 4-3 од Салцбург. Голманот на австрискиот тим младиот Даниел Антош беше јунак на мечот зошто одбрани дури 3 повторени пенали кои ги изведе еден ист играч.

Баерн е немилосрден, закажа пеколно финале на Лига на шампиони

Во недела вечер Баерн Минхен ќе игра за шеста европска титула. Апсолутна доминација досега во Лига на шампиони на Баварците. Вечерва жртва беше Лион кој три пати ја вадеше топката од своја мрежа. Во финале ги чека ПСЖ.

Шок за Манчестер Сити, во полуфинале оди Лион

Пукна уште една сензација во Лисабон. По фудбалерите на Лајпциг кои го елиминираа Атлетико Мадрид, уште еден голем фаворит е на колена. Манчестер Сити - Лион 1:3. Епа момци со среќа против Баерн.

Децата на Лион кои го оладија Јувентус

Бјанконерите го одиграа првиот меч годинава на кој Кристијано Роналдо не постигна гол. Против себе имаа млада екипа, предводена од Руди Гарсија, човекот кој пред неколку сезони ја водеше Рома.

Сити со пресврт го скроти Реал, Јуве шокиран во Лион

Габриел Жезус и Кевин Де Брујне за 5 минути ја анулираа предноста на Реал остварена во 60-та минута и со тоа се изборија за одличен резултат пред реваншот на Етихад. Во незгодна положба е и Јувентус кој дома ќе брка пораз од 1:0.

Автоголот на Лион е приказна за себе

Додека Барса и Реал се тркаа по нови бодови на гостувања, во Италија и Франција се играа дерби дуели. Интер го совлада Милан со 4:2 после пресврт од 0:2, а ПСЖ со ист резултат го победи Лион. Еден од головите за домаќините беше автогол на Фернандо Маршал.

Рајан се јави, вистина се јави

Со оглед на тоа што го прави на терен, во најава е идна голема фудбалска ѕвезда во новава деценија, а и во таа после нејзе. Деца на 16 години уште се собираат во школски двор за фудбал, а тој решава натпревари и дрибла како лудак дупло постари од него.

Магарето Марсело и тепачка на играчите на Лион со свои навивачи

Во групата Г синоќа беше многу лудо. Дури три екипи имаа шанси за пласман понатаму и секој еден гол ја менуваше состојбата во групата. На крај најзадоволен Лион чии навивачи направија инцидент со своите играчи.

Дојди мали, чичо Депај да ти покаже нешто

Рајан Черки има 16 години и во моментов важи за најголем талент на новата генерација фудбалери во Франција. Игра за Лион, од скоро е приклучен во првиот тим, ама таму мора да пројде тестови кај најдобриот играч на екипата, Мемфис Депај.

Голманот на Сент Етјен морал да го теши син му што ќе носи дрес од Лион

Најжестокото дерби во Франција, после она ПСЖ - Марсеј, е Сент Етјен - Лион, едни од најтрофејните клубови во Франција. Во минатото коло се сретнаа меѓу себе, а славеше Сент Етјен со гол во последната минута. Пред мечот, домашниот голман Жеси Мулин го тешел син му дека само кратко ќе го носи дресот на Лион додека излегува на терен со другите дечиња.

Французите немаат дерман од Африканскиот Куп на нации, уапсени 282 лица

Алжир тивко го почна Африканскиот Куп, но како одминува турнирот, ги победија сите противници и стигнаа до финалето. Славјето на овој успех донесе хаос на улиците во Франција.

Сите 77 гола од слободен удар на легендата Жунињо Пернамбукано

Светски рекордер по број на голови од слободен удар. Европа го запозна преку настапите за Лион каде летово се врати како помошен тренер на неговиот сонародник Сивлињо (да, левиот бек на Барса од времето). Па, дами и госпда, уживајте:

Кои екипи профитираа од пехарот на Челси?

Ако Арсенал синоќа ја освоеше Лигата на Европа, Премиер лигата ќе имаше дури пет претставници во ЛШ, бидејќи таму ќе играат Манчестер Сити, Ливерпул, Тотенхем и Челси, вака сосема друг ќе се радува или поточно други.

Сеќавање на времето кога Реал шест години по ред испаѓаше во осминафинале

„Кралскиот клуб“ е убедлвио најтрофеен клуб во ЛШ со 13 пехари. До синоќа цели осум години не испадна пред полуфиналето. Затоа бламажата со Ајакс е суперсензација, иако такви чуда имаше и порано.

Мали, ти сериозно можеш да ја освоиш наградата „Пушкаш“

Младинците на Лион, играчи до 19 годни, се убедливо први во нивната лига. Во директниот дуел против вториот Дижон на гости при резултат 1-1, чудесниот Жаирињо Фумонт во 84’ минута постигна неверојатен гол.