Ако Арсенал синоќа ја освоеше Лигата на Европа, Премиер лигата ќе имаше дури пет претставници во ЛШ, бидејќи таму ќе играат Манчестер Сити, Ливерпул, Тотенхем и Челси, вака сосема друг ќе се радува или поточно други.
„Кралскиот клуб“ е убедлвио најтрофеен клуб во ЛШ со 13 пехари. До синоќа цели осум години не испадна пред полуфиналето. Затоа бламажата со Ајакс е суперсензација, иако такви чуда имаше и порано.
Младинците на Лион, играчи до 19 годни, се убедливо први во нивната лига. Во директниот дуел против вториот Дижон на гости при резултат 1-1, чудесниот Жаирињо Фумонт во 84’ минута постигна неверојатен гол.
И покрај тоа што вечерва на два осминафинални дуели се појавија три петкратни европски прваци кои не сме навикнати да ги гледаме да вадат вакви непопуларни резултати, сепак се случи најдосадното и најнепосакуваното можно сценарио. И двете завршија 0:0.
Иако малкумина знаат, во Франција жестината на дербито меѓу Сент Етјен и Лион е речиси идентична како онаа пеколната меѓу Пари Сен Жермен и Марсеј. Ако не и поголема.
Фудбалерите на Лион добија пеколно тежок противник во осминафиналето од ЛШ. Играчите заедно ја гледаа ждрепката во соблекувална и вриштеа, а по реакцијата на тој што снимаше, јасно им е што ги чека.
За пласман во четвртфиналето од Лига на шампиони, на денешната ждрепка во Нион се паднаа Лион и Барселона. На една од претходните нивни средби во овој турнир, на 10 октомври 2001-ва, францускиот голман Грегори Купе направи чудесна одбрана на самиот почеток од мечот.
Шеснаесет екипи останаа во борбата за трофејот од Лигата на шампионите. Сите сонуваат на 1 јуни 2019 да се најдат на преубавиот „Естадио Метрополитано“ во Мадрид каде ќе се игра финалето за ’ушестиот’ трофеј.
Во каталонското дерби, Барселона со 0-4 го декласираше Еспањол а играч на мечот беше кој друг ако не тој - Лионел. Постигна два прекрасни гола од слободен удар и сега во 2018 има 9 погодоци од прекин.
Норвешката фудбалерка Ада Хегерберг синоќа на гала вечерата по повод Златната топка, ги засени сите присутни. Таа ја доби наградата за најдобра фудбалерка на годината.
Навивачите на Манчестер Сити и Лион синоќа имале крвава пресметка во еден кварт во индустрискиот град. Подебелиот крај го извлекле Французите кои за утеха на крајот славеа злато вредна победа против гигантот (1-2).
Најдобриот француски напаѓач на денешницата вечерва ќе игра со својот Атлетико Мадрид во финалето на Лига Европа во градот чиј фудбалски клуб не сакал да го прими како мал дека бил слаб.
ЦСКА Москва го направи најголемото изненадување на осминафиналните мечеви од Лига Европа откако со победа од 2:3 на гости го совлада Лион. Во дербито на вечерта Милан го загуби и реваншот од Арсенал, а Борусија не успеа да му возврати на Салцбург.
По серија од четири порази во низа, Арсенал ја прекина кризата со голем триумф над Милан на „Сан Сиро“. Атлетико Мадрид со една нога пласиран во четвртфинале откако ја прегази Локомотива Москва.
Еден од подобрите француски напаѓачи на денешницата, Бафетимби Гомис има прилично необјаснив случај - каде и оди дава голови, но кога менува средина паѓа во несвест. Лекарите велат дека ова е единствен ваков случај за професионален фудбалер.
По убедливиот триумф на гости против Астана, Спортинг Лисабон вечерва ремизираше 3:3 против тимот од Казахстан и оди во осминафиналето на Лига Европа. Нашиот репрезентативец одигра одлични 90 минути.
Фудбалерите на ПСЖ по 22 минати кола го загубија вториот меч во првенството и тоа од Лион кој сега е на -8 на втората позиција. Головите кој од кој поубав. Одиме со ред.
Фудбалерите на Лион му приредија дебакл на Сент Етјен и тоа гостински терен, а тоа толку ги здоболи домашните навивачи кои влетаа на терен и го прекинаа мечот.
Или стварно е глуп по природа или испил 9 кригли пиво па отишол на стадион. Фудбалерите на Евертон и Лион се срчкаа, а тој зема да се меша со дете во раце. Цреп.
ПСЖ го победи Лион со 2-0 а притоа не даде ниту еден гол затоа што гостите си постигнаа два автогола. Еден од највпечатливите моменти на мечот беше обидот на Нејмар да го дрибла десниот бек од Холандија, Кени Тете.
ПСЖ го победи Лион со 2-0 а притоа не даде ниту еден гол затоа што гостите си постигнаа два автогола. Еден од највпечатливите моменти на мечот беше обидот на Нејмар да го дрибла десниот бек од Холандија, Кени Тете.
Неверојатен меч со дури 6 гола одиграа Лион и Бордо. Домаќинот водеше и 3-1 а гостите со два гола од 88 до 91 минута израмнија и земаа голем бод. Момент на мечот беше првиот гол на средбата кој го даде Набил Фекир во 10’ минута.