Фудбалерката на француски Лион и репрезентацијата на Норвешка Ада Хегерберг (23) стана прва фудбалерка во историјата која што ја добила оваа награда која годинава за првпат се доделува и на женски играч.
WHAT A NIGHT ⭐️ Photo: Ivar Waage Johansen pic.twitter.com/bDfbUuAYrI
— Ada S Hegerberg (@AdaStolsmo) December 4, 2018
Хегерберг ја заслужи наградата затоа што му помогна на Лион да стане шампион и да ја освои женската Лига на шампиони со гол во финалето. Ада доби најмногу гласови и заврши пред Пернил Хардер од Данска.
Мала непријатност на гала вечерта беше кога познатиот ди-џеј Мартин Солвег додека Ада ја примаше наградата, ја праша дали би тверкала во живо на сцената.
Ада видно непријатно изненадена, само одмавна со глава и се сврте. Диџејот Солвег утрово отворено ѝ се извинил на 23-годишната Норвежанка.
I explained to @AdaStolsmo the buzz and she told me she understood it was a joke. Nevertheless my apologies to anyone who may have been offended. Most importantly congratulations to Ada pic.twitter.com/DATdg0TfQk
— Martin Solveig (@martinsolveig) December 3, 2018
Познатиот британски тенисер Енди Мареј бил еден од најгласните во критиките кон Солвег: „Што ги праша Мбапе и Модриќ? Можам да замислам ги прашал нешто за фудбалот. И за сите што мислат дека претерувам и дека било само шега... Не, не е. Во спортот сум цел живот и нивото на сексизам е нереално“, пишал Мареј на Инстаграм.
Ада Хегерберг има само 23 години а веќе забележала 66 настапи со дури 38 гола за Норвешка.