Затоа се пријатели

Иако во оффнет го работиме баш она што сакаме да го работиме, што чисто људски, што општата тиња наоколу, некогаш го тера човек да почне да се јаде со дилеми дали вреди некаков курац сето она што го прави. И онда неочекувано ќе стигне ветар и ќе ти ги наполни едрата.

Приватно писмо е ова, од Милчо Манчевски до наша Илина. Не е пишувано за објавување, но нам ни е убаво и да го споделиме со вас, да се окуражиме заедно. Нормално, со дозвола на потписникот.

----------------------------------

Subject: Единствени вистински анали на тоа како денес се живее, има на офф.нет.

Ако некој твој колега, или археолог, или историчар, или воопшто истражувач, после 100 години сака да види како денес се живеело во Македонија, тоа ќе може да го дознае од офф.нет. Не од фалсификатите на званичните медиуми, од издаваштвото или од играната и документарната продукција.

Не затоа што се бави со заебанција, него затоа што се бави со живот (Њујорк тајмс се бави со живот, и Њујоркер).

Милчо

4 март 2014 - 10:41