Таг: женски фудбал

Го имаме голот на сезоната во женска конкуренција

Запознајте ја Нина Матејиќ ала Роналдо да Лима или Меси, како сакате. Има 19 години, игра за Црвена Ѕвезда, а на младинското Европско првенство изведе ремек дело за селекцијата на Србија против Англија. 

Него што правиме сега, фудбалот е за жени или не?

Наш фудбалски судија кој суди втора лига мажи и прва жени, скоро ни раскажа како бил сведок на инцидент кој скроз не го очекувал додека бил на должност. Се лупале наши фудбалерки со боксови. Во пар денови после тој муабет налетуваме на два такви настани во други земји. Се разбира дека одма го прашавме за видео. Да имаше, до сега веќе ќе го објавевме.

Него женскиот фудбал е во криза

Само два дена по епскиот хет-трик од автоголови, дело на репрезентативка на Нов Зеланд, налетуваме на ваков слободен удар. Ќе си пукнеме од мака што нема никогаш да дознаеме што ќе се случеше ако шутнеше и трет пат.

Мизерија во женскиот фудбал во Романија од епски размери

Без разлика што се работи за трета лига, ова треба да е најлошиот фудбалски терен во историјата кој некогаш се појавил на интернет. Кога веќе има судии, главното прашање е зошто воопшто почнале да играат? Па диви свињи не би стапнале овде.

Ваков пенал во Шишево не е досуден

Во женскиот фудбал во Шведска, судија се надмина себе си во критериумите за тоа што е пенал. Одлуката е нереална и ова е срамота и на ВАР да се прегледува. Го досуди за градење топка.

Ревија евроголови, бронзен медал за Влатко Андоновски

Женската фудбалска репрезентација на САД која важеше за голем фаворит за златото на Олимпијадата во Токио, на крајот ќе се задоволи со бронзениот медал откако претпладнево ја совладаа Австралија сo 4-3.

Жално е да се поништи ваква убавина, па уште и регуларна

Девојките на САД одиграа маестрална акција во шест потези од кои пет на прва. Фудбалски од почеток до крај, па уште и со издриблан голман. Линискиот судија ептен ја утна на крај. 

Тројно понижување кроз нозе и тоа во женски фудбал

Барселона ја слави двојната круна. Титула во првенство и трофеј во ЛШ каде го совладаа Челси со 4:0. Синоќа ја заокружија сезоната со висок триумф од 8:0 против Атлетик Билбао, а потегот на мечот и сезоната го има Џенифер Хермозо. Во машки фудбал немало вакво орање.

Наместо фрлање паричка, се чукаа со велигденски јајца

Пред почетокот на мечот меѓу Нојленгбах и Сент Пелтен во австриската женска Бундеслига, а во чест на најголемиот христијански празник кој католичкиот свет го празнуваше викендов, судијката за да одреди кој ќе бира топка или гол им подели велигденски фарбани јајца.

Мексиканска женска мајсторија од 35 метри

Се вика Габриел Алварез, ја оставија речиси сама со само една фудбалерка на жив ѕид и многу ја потценија.

Најубавиот гол во македонскиот женски фудбал во 2020

На средината од октомври, на мечот меѓу ЖФК Каменица Саса и Шкендија кој заврши 6:1, Ана Димитровска постигна еврогол, во стилот на Златан Ибрахимовиќ и заслужено овој погодок е прогласен за најубав во женскиот фудбал.

Среќен гол кој боли до солзи, ама вреди

Аманда Рантанен е веројатно единствената женска која даде гол, не со нога, глава, колено или стомак, туку со нос. И тоа јакото е што оваа чудесија и успеа на 0:0 во 95-та за конечни Шкотска - Финска 0:1. Не можеш ова да го изрежираш и да сакаш.

Женска фудбалска дарба

Девојкава има толку сенс за фудбал што комотно би можела да им држи лекции на многу преплатени фудбалски ѕвезди. И внатрешна, и надворешна и фелш и дриблинг, комплетна надареност.

Женски, па вие сте сериозно јаки на гради

Запознајте ги Наталија Гуитлер и Јоси Соуза, кралици на Копакабана и шампионки во футволеј, спорт кој е комбинација на одбојка на плажа и фудбал.

Веројатно најјакиот лоб во женски фудбал

Мана Ивабучи од Јапонија vs Шпанија. Мајсторски, наповторливо и невидено во машки фудбал, озбилно.

Малото девојче што дрибла како Лионел Меси

Да бидеме искрени, сме гледале машки деца на оваа возраст што прават чуда со топката, имаат вроден талент и милина е да ги гледаш. Ама девојче со ваква дарба за фудбал стварно не паметиме дека сме виделе.

Како царице црвен картон за докторот?

Лекарските екипи според правилата мора да добијат дозвола од главниот судија за да истрчаат на теренот и да дадат помош на повреден играч. Ама една судијка во Шпанија малку се занесе па се размавта со црвениот картон додека на тревник лежеше повредена фудбалерка.

Девојката која отиде на ортопед после дуелов

Најсекси дриблинг еден на еден. Најнепредвидливите движења еден на еден. Најјакото мешање еден на еден и сè нај нај нај. Ја поништи без да ја пипне топката. Каква царица.

Браво девојко

Ги имаме Снајдер и Ван Перси, ама во женска верзија со една хируршки прецизна комбинација која не се гледа така често во женски фудбал. Секоја чест и за двете. Шах - мат им направија.

Јапонката што ја издрибла пола Северна Кореја

Видеово е старо од 2010-та, ама епско за азискиот фудбал и младинските мундијали. Ја имаме Куми Јокохама од Јапонија на која се обидува да и ја земе пола селекција на Северна Кореја. Се работи за светско првенство за фудбалерки до 17 години. Ги изора како нива.

Брилијантен дриблинг на девојка од Арсенал

На Даниела ван де Донк и се пуштија две противнички една по друга и уште не се свесни што ги снајде, особено првата. Мозочето им го испи.

Бразилката што предава фудбалски дриблинзи

Се вика Аманда Венансио и неколку сезони играше за женскиот футсал клуб Ботафого. Толку дриблинзи има што и машките колеги треба да учат од неа некоја финта. Ко на пример оваа.

Автоголот на Венди Ренар - францускиот Ван Дајк

Венди Ренар е една од најдобрите француски фудбалерки на Светското првенство за жени кое се игра во оваа земја. Игра на позицијата стопер и ја викаат француски Ван Дајк поради тоа што личи на Холанѓанецот и игра на негова позиција. Но на мечот со Норвешка во 54’ минута направи нешто како да е француски Дејан Ловрен.