Го имаме голот на сезоната во женска конкуренција

Запознајте ја Нина Матејиќ ала Роналдо да Лима или Меси, како сакате. Има 19 години, игра за Црвена Ѕвезда, а на младинското Европско првенство изведе ремек дело за селекцијата на Србија против Англија. 

Ај погодете од прва што се случи до крај? Англичанките израмнија во 90-та минута. Да не ви е познато тоа од скоро?

23 јули 2024 - 14:58