Во мечот за трето место, Скопјанецот Влатко Андоновски кој од октомври 2019 е селектор на женската фудбалска велесила, стигна до бронза како селектор на Американките.
Една од најдобрите фудбалерки на сите времиња, ексцентричната Меган Рапино го отвори резултатот со неверојатен гол директно од корнер. Спектакуларен погодок:
Набрзо Австралија израмни преку Кер на 1:1.
Америка, која пред почетокот на Олимписките Игри имаше неверојатна серија без пораз, а во Токио не беше на своето ниво, брзо се врати и со два експресни гола поведе на 3-1.
Еден од тие два гола беше право ремек дело на Рапино која распали волеј од прва по една одбиена топка.
Во вториот дел фудбалерките на Австралија искористија опуштеност на ривалките и постигнаа два гола за конечни 4:3 преку Форд и Гилник.
Во големото финале на женскиот фудбалски турнир на ЛОИ 2020 во Токио ќе се сретнат Канада која сензационално ја совлада Америка во полуфиналето и Шведска.